X
 02.12.2015 Живот

Wizz Air со нови рути од Македонија

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес го најави своето понатамошното проширување на својата мрежа во Македонија со три нови рути од Скопје.


WIZZ ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин Шенфелд од 21 март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се спроведуваат, од 22 и 28 март. Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата.

Братислава и Копенхаген, главните градови и економски центри на Словачка и Данска, се двте нови дестинации во Визеровата мрежа, која се состои од 116 аеродроми.

Wizz Air сега нуди вкупно 24 рути кон 11 земји од двата негови  македонски аеродроми во Скопје и Охрид. Билетите за најновите правци на Wizz Air се веќе во продажба и можат да се резервираат на wizzair.com. Авиобилетите се во продажба и тоа од само 599 денари*.

Тамара Мешвениераџе од Wizz Air изјави: “Wizz Air денес уште еднаш ја нагласи својата посветеност во Македонија, преку главниот аеродром во Скопје. Возбудени сме што ги најавуваме новите три рути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и останатите 21. во нашата македонската мрежа, која постојано расте. Билетите за новите рути се веќе во продажба од денес, потикнувајќи ги нашите патници да добијат билети по најниски цени на wizzair.com, мобилниот веб-сајт или преку нашите смартфон апликации. Нашиот македонски екипаж со нетрпение очекува да ви посака добредојде на вашиот следен Wizz Air лет”



За Wizz Air
Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 64 Ербас A320 авиони и еден A321 авион и нуди над 390 рути од 22 бази , поврзувајќи 115 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air преку 2.600 авијациски професионалци нудат извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air да биде подобриот избор за над 16.5 милиони патници во финансиската година заклучно 31 Март 2015 година. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер Wizz.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот