X
 30.08.2017 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Денес е среда, 30 август 2017 година, 242-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:51, а ќе зајде во 19:15 часот. Денот ќе трае 13 часа и 24 минути.

Ова утро во во јужната половина од Македонија, односно во југозападните, јужните и југоисточните предели, како и во дел од централните предели преовладува претежно облачно време и повисоки утрински температури, додека пак во северозападните, северните и североисточните предели претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес денот го започнуваме со посвежото утро и благ пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени. Во утринските часови во северозападните, северните и крајните североисточни предели ќе биде претежно сончево со локална облачност, во останатите предели умерено облачно. Во текот на денот облачноста ќе се на малува и ќе преовладува претежно сончево време со појава локална облачност и потопло време. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 31 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Слаб северен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 29 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток и петок по свежите утра со утрински температури од 5 до 17, односно од 6 до 18 степени, во текот на денот ќе биде сончево и многу потопло време со максимални температури кои што ќе се движат од 22 до 33 односно од 24 до 35 степени. Во сабота потопло утро со температури од 8 до 20 степени, а во текот на денот сончево и топло време со дневни температури од 26 до 37 степени. Во недела претежно сончево со појава на локална облачност и идентични дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 26 до 37 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот