X
 18.07.2016 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 18 јули 2016 година, 200-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:10, а ќе зајде во 20:07 часот. Денот ќе трае 14 часа и 57 минути.

Ова утро во поголем дел од Македонија имаме претежно сончево и посвежо утро. Во северозападните, западните и североисточните предели имаме зголемена облачност. Во наредните часови оваа облачност ќе се придвижува кон јужните предели на Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес по свежото утро во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во доцните попладневни часови постепено намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 17 односно до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и свежо време. Во доцните попладневни часови постепено намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна до 25 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во наредните денови ќе продолжи стабилното време со пониски утрински температури, додека пак максималните ќе бележат еден тренд на пораст. Во вторник претежно сончево со локална облачност и максимални температури од 19 до 30 степени. Во среда сончево и потопло со температури кои ќе се движат од 22 до 33 степени. Сончево и потопло време не очекува во четврток и петок кога максималните температури ќе достигнат од 23 до 34 степени, односно од 26 до 37 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот