X
 14.06.2016 Технологија

Што ново не` очекува од "Apple"?

Светската конференција на девелопери (Worldwide Developers Conference) оваа година се одржува од 13 до 17 јуни во Сан Франциско. Вчера, на отворањето на конференцијата, „Apple“ најави големи промени.

 

1


iOS 10 доби нови значајни ажурирања, вклучувајќи поинтерактивни пораки и покорисна „Siri“. Во продолжение, прочитајте што кои новитети ги откри „Аpple“.

Најавен „Apple watchOS 3“

Пристигна „WatchOS 3“. Компанијата ја најави новата верзија на оперативниот систем на паметниот часовник, а според „Apple“, апликациите ќе се отвораат седум пати побрзо отколку на „WatchOS 2“.

Продавницата за апликации на „Apple“ има над 2 милиони апликации

Достапни се над 2 милиони апликации во „App Store“. Овие апликации биле преземени 130 милијарди пати уште од лансирањето на продавницата во 2008 година.

„Apple Watch“ може да повика 911 со едно притискање на копчето

„Apple“ ги прикажа новите карактеристики на паметниот часовник. Освен што ви помага да останете здрави преку следење на вашата фитнес програма, часовникот може за брзо време да повика итни услуги. Ако го притиснете и држите копчето од страна тогаш часовникот ќе повика 911 или било кој друг број назначен како број за помош.

Претворање во следењето на фитнес во натпревар


Паметниот часовник сега на корисниците им овозможува да ја споделуваат активноста и податоците поврзани со вежбањето со нивните пријатели. Со оваа нова карактеристика, корисниците можат да споделуваат информации за нивните отчукувања на срцата, па дури и да испраќаат гласовни пораки до нивните пријатели за да ја охрабрат конкуренцијата.

Достапни нови карактеристики на „Apple TV“

На телевизорот се додадени канали во живо, едноставно логирање и „YouTube“ пребарување. Исто така, „Siri“ може за вас да пребара во категории како „high school comedies from the 80s“.

Преименување на „OS X“ во „macOS“

Компанијата ја објави следната верзија на „OS X“ - после 15 години со истото име, десктоп оперативниот систем е преименуван во „macOS“. Со ова ажурирање, сите четири оперативни системи ќе споделуваат заедничка шема на имиња. И секако, додадена е „Siri“.

Стриминг сервис „Dish Sling TV“ додаден на „Apple TV“

„Sling TV“ сега е достапен на „Apple TV“, а се очекуваат и други ажурирања во текот на есента.

„Siri“ е достапна на „Маc“

Следната верзија на оперативниот систем на „Mac“ ќе ја има и „Siri“ како и други hands-free команди. Ова е прв пат вакви функции да бидат додадени на десктоп компјутер, иако слични функции беа достапни на „Windows 10“ и „ChromeOS“.

Корисниците сега можат да плаќаат со „Apple Pay“

„Apple Pay“ сега може да се користи за плаќање онлајн. Корисниците нема да мораат постојано да ги внесуваат деталите од кредитните картички, а опцијата е достапна во Америка, Британија, Австралија и Сингапур, а наскоро пристигнува во Швајцарија, Франција и Хонг Конг.

Објавен „iOS 10“ со нови карактеристики и ре-дизајн

Овој оперативен систем беше главната тема за време на конференцијата, а нуди 10 нови карактеристики.

„iOS Maps“ со нов дизајн

Мапите добиваат нов дизајн со новиот оперативен сисем.

Ре-дизајнирање на музиката

Музиката доби сосема нов дизајн и неколку нови карактеристики. Извршниот директор Еди Кју го објави освежувањето на опциите за музика, и сега вклучува текст и дневна плеј листа.

Нова апликација за новиот оперативен систем

Апликацијата наречена „Home“ за новиот оперативен систем е наменет за контролирање на домашните производи, односно „HomeKit“ производите.

Гласовен меил за новиот оперативен систем

Нови форми на комуникација со новиот оперативен систем, меѓутоа најновото е гласовниот меил.

Нови карактеристики на емот икони за пораките

Со новиот оперативен систем, доаѓаат и нови карактеристики за пораките, односно збогатување на емот иконите. Но, најголемите промени се во новиот богат медиумски систем кој овозможува ставање на кодот на линкови од „YouTube“ без да ги напуштате пораките.

Објавена нова „Swift Playgrounds“ апликација која ги учи децата да кодираат


Пред две години, компанијата го објави новиот јазик за кодирање, „Swif“ со надеж дека ќе ја привлече новата генерација на девелопери. Денес „Apple“ го потенцира фактот дека постојат многу млади програмери - за да се поттикне програмирањето, создадена е апликација која ги учи децата на основните вештини на кодирање.

Со новиот оперативен систем имате можност да ги избришете апликациите кои никогаш не ги користите


Корисниците на паметните телефони ќе можат да контролираат кој софтвер е инсталиран на нивниот компјутер. За прв пат, ќе можете да ги избришете вградени апликации од апликацијата и повторно да ги преземете доколку се предомислите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија