X
 31.10.2017 Технологија

Кога ќе се спојат Кина, Фејсбук и Епл

кина
Фото: АР

Директорите на компаниите Фејсбук и Епл, Марк Закерберг и Тим Кук, во Пекинг имаа средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој ги увери дека Кина - клучниот пазар за овие две компании – останува „отворена“ и „одлучно“ продолжува со реформите, јавија утринава кинеските државни медиуми.

Закерберг и Кук, кои се на чело на двете водечки компании во Силициумската долина, вчера присуствуваа на годишниот состанок на советот на деловното училиште на престижниот универзитет Цингуа.

„Кина презема сеопфатни реформи, со силна одлучност без исклучок“ , изјави претседателот Џинпинг во таа прилика, додавајќи дека Кина „ќе ги продолжи реформите кои имаат за цел поголемо отворање“ на земјата.

Си изразил подготвеност за соработка со САД, со зачувување на суверенитетот и безбедноста.

Кинескиот претседател, кој минатата недела повторно беше избран за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, говореше една недела воочи на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Пекинг.

Кинеските власти забрануват пристап до некои странски сајтови и социјални мрежи вклучително и Фејсбук, Инстаграм, Гугл, Јутјуб и Твитер.

Властите ги контролираат и содржините во кинеските медиуми и социјалните мрежи кои се дозволени на интернет.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија