X
 09.03.2017 Технологија

Што ЦИА мисли за антивирусните програми што ги користиме?

Хакерите на американската централна разузнавачка агенција наводно се обидувале да ја пробијат одбраната на различни антивируси и врз основа на тоа да донесат заклучоци.

цуиа

Сепак, податоците објавени од Викиликс не се доволно систематски подредени за врз нивна основа да можат да се извлечат заклучоци, туку повеќе се од илустративна природа.

Така на пример, за популарната програма Авира хакерите на ЦИА изјавиле дека е „типично лесна за избегнување“. Германската компанија во соопштение изјавила дека ја поправила „ниската ранливост“ само неколку часа откако Викиликс ги објави документите.

Кога станува збор за антивирусот Комодо, ЦИА има спротивставени коментари. Еден хакер тврди дека Комодо претставува проблем, „бидејќи фаќа сè додека не му кажеш да престане“. Сепак, тој тврди дека верзијата 6 не е толку ефикасна. Претставниците на Комодо изјавија дека сегашната во сегашната верзија 10 поправени се сите пропусти.

Касперски лаб е еден од водечките производи кога станува збор за заштита на компјутерите, но тој не може да ве заштити од американската разузнавачка агенција. „Грешката во кодот ни овозможува да ја поминеме заштитата на Касперски“, пишува еден хакер. Основачот на програмата, Јуџин Касперски ја оцени забелешката како неточна и посочи дека грешката која ја пронашла ЦИА била поправена уште пред неколку години.

Се чини дека ЦИА имала „симпатичен“ трик со кој ја победила и АВГ, а холандската компанија Аваст, сопственик на АВГ изјави дека подготвува соопштение.

Можеби најлошите коментари ги доби финскиот Ф-секјур, кој хакерите го опишале како „производ од понизок ранг кој предизвикува минимални проблеми. Ф-секјур во соопштение истакна дека на други места програмата е опишана како сериозна пречка на нападите и постави прашање зошто ЦИА не ги предупредила софтверските компании за грешките во нивните антивирусни програми.

Најмногу проблеми на хакерите им предизвикал романскиот Битдефендер.

„Го пробавме и ова. Битдефендер сè уште е лут“, напишале хакерите. Единствениот коментар на Маурисио Бутеки од оваа компанија бил: „Ги детектираме алатките кои ги користи ЦИА“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија