X
 16.11.2018 Наука

Новооткриената планета Суперземја покажува дека не сме сами

Планетата наречена Суперземја е пронајдена околу орбитата на најблиската соло-ѕвезда. Има огромни импликации за шанси за вонземски живот.

Суперземја е откриена околу орбитата на најблиската ѕвезда на нашето Сонце. Бернардовата ѕвезда е црвено џуџе што е на само шест светлосни години оддалечено од нас - практично како да е во нашиот двор, во галактичка смисла. Сега, астрономите забележале „замрзнат слабо осветлен свет“, најмалку 3,2 пати е потешка од Земјата што кружи околу неа.

Планетата, позната како Бернардова ѕвезда б, е втората планета најблиска до Земјата надвор од Сончевиот Систем и орбитира околу ѕвездата-домаќин еднаш на секои 233 дена.

планета

Важно е затоа што е наш сосед, а ние сакаме да ги запознаеме нашите соседи - вели Игнаси Рибар од Институтот за вселенски студии на Каталонија и шпанскиот Институт за вселенски науки.

И покрај тоа што е релативно блиску до својата родителска ѕвезда, планетата добива помалку од 2 отсто од енергијата што Земјата ја добива од Сонцето. Тимот проценува дека има површинска температура од -170  Целзиусови степени - премногу студено.

Но, самиот факт дека секоја ѕвезда што ја гледаме има најмалку една до три планети што кружат, значи дека постојат 100 милијарди светови само во галаксијата Млечен Пат, а шансите некоја од нив да има услови погодни за живот се... огромни.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука