X
 15.07.2016 Живот

Временска прогноза: Следува период на нестабилно време

Денес е петок, 15 јули 2016 година, 197-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:07, а ќе зајде во 20:09 часот. Денот ќе трае 15 часа и 01 минутa.

Ова утро во Македонија имаме претежно сончево и доста топло време, само во југоисточните педели има појава на слаба локална облачност.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските часови претежно сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста која во попладневните и вечерните часови ќе услови поинтензивни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен ветер и пад на температурите. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и североисточните предели каде локално ке наврнат и до 20 литри дожд. Ќе дува доумерен ветер од променлив правец. Утринските температури од 12 до 23 степени, додека пак максималните температури од 24 до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 22 степени, а максималната дневна до 32 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота умерено облачно со сончеви периоди, само во северозападните, западните и југозападните предели како и во крајните источни предели нестабилно со врнежи од дожд. Максималните температури од 18 до 28 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди, попладне во западните предели со услови за локални врнежи. Температурите од 20 до 30 степени. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди и благо опаѓање на температурите кои ќе достигнат до 18 односно до 28 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и потопло со температури од 23 до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот