X
 30.12.2016 Живот

Какво време да очекуваме на почетокот од 2017-та?

Денес е петок, 30 декември 2016 година, 365-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:17 часот. Денот ќе трае 9 часа и 22 минути.



И ова утро како и претходните во најголем дел од Македонија имаме умерено облачно, ветровито но и студено време. Слаби врнежи од снег имаше на Маврово, планински превој Ѓавато и понекаде во североисточните предели. Сончеви периоди во утринските часови се очекуваат во крајните западни и во југоисточните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и студено. Повеќе сончеви период се очекуваат во западните предели, иако попладне се очекува насекаде веќе процес на намалување на облачноста. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од -10 до 1 степени, а максималните дневни од -5 до 5 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви пеироди, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Последното утро од 2016 година ќе го започнеме со утрински температури од -13 до -3 степени, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и малку потопло со температури од -3 до 7 степени. За време на новогодишната ноќ ќе биде претежно ведро и студено време со појава на умерен мраз, затоа бидете внимателни и облечете се слоевито. Првото утро во 2017 ќе го продолжиме како што ја завршивме 2016, студено утро со појава на умерен мраз и температури од -14 до -5 степени. Во текот на денот сончево и потопло време со дневни температури од -1 до 9 степени. Во понеделник продолжуваат ниските утрински температури кои ќе се движат од -13 до -4 степени. Во текот на денот сончево и потопло време со температури од 0 до 10 степени. Во вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време со максимални температури од 1 до 11 степени, а позначителен пораст се очекува и на утринските кои ќе се движат од -9 до -1 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот