X
 28.07.2016 Живот

Временска прогноза за викендот што следува

Денес е четврток, 28 јули 2016 година, 210-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:19, а ќе зајде во 19:59 часот. Денот ќе трае 14 часа и 40 минути.

Претежно сончево и топло време имаме ова утро во Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во текот на денот ќе имаме претежно сончево време со локална облачност и топло. Во попладневните часови во северозападните, западните и југозападните предели со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици, а во доцните попладневни и во вечерните часови услови за врнежи ќе има и во регионите на Скопје, Куманово и Кратово. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од 11 до 21 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Во доцните попладневни и во вечерните часови со услови за врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со услови за врнежи од дожд. Максималните температури од 26 до 37 степени. Во деновите од викендот како и во понеделник нашата држава ќе биде под влијане на поле на висок воздушен притисок и јужно воздушно струење кои ќе условат сончево и многу топло време со константен пораст на температирите. Максималните температури во сабота ќе се движат од 28 до 38 степени, во недела од 29 до 39 степени, а во понеделник тие ќе достигнат до тропски 30 односно 40 степени и висока вредност на ув индексот.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот