X
 25.08.2016 Живот

Предлог до македонската влада: Копирајте го ова во целост!

На 15 септември ќе почне да се спроведува иницијативата на италијанската влада за стимулирање на тинејџерите на прагот од понолетството да се култивираат, со тоа што ќе им даде ваучери по 500 евра, да ги потрошат на книги, театар, концерти, кино, музеи и посета на национални паркови. Корист од дарежливата влада се очекува да имаат 575.000 тинејџери, а сето ова ќе ја чини Италија 290 милиони евра.

Како што вели висок претставник во законодавната власт, "од огромна важност е културната потрошувачка, и целата идеја е со двоен бенефит: за личноста која се стекнува со наобразба и за општеството што има посредна корист од сето тоа."

18 годишниците ќе имаат можност, да си го симнат ваучерот од интернет на нивните телефони и да го искористат онлајн или физички во продавниците/институциите што се предвидени со иницијативата.

Владата на Италија има намера идејата да ја продолжи во 2017 година, но овој пат да ги опфати наставниците и да им додели грантови по 500 евра за професионално надоградување.     


Италија со интересна идеја.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот