X
 01.09.2016 Култура

Елпида Хаџи-Василева: Родена во Кавадарци, а му припаѓа на светот кој го шокира со својата уметност



Во скопската галерија „Остен“, вечерва, во 20,20 часот ќе биде отворена самостојна изложба од Хаџи-Василева, под наслов „Вродена убавина 3“, која ќе биде отворена до 20 септември. Изложбата се состои од пет инсталации од нејзини дела - мембрани од свински желудници на црни основи 20 х 20 см на панели со различни димензии

Ако некој може да сврти дрво наопаку, со коренот нагоре, да го засади во земја покрај живо дрво и од тоа да направи уметничко дело, претставувајќи ја алегоријата на животот и смртта - тоа е таа. Ако некој успее да ископа дупка среде шума и таму да ја презентира својата уметничка идеја - тоа е повторно таа. Ако некој успеал од кожа на риба, мртви стаорци, кожурци од свилени буби, свински желудници, тестиси од овен да создаде дело кое ќе ве одушеви, толку многу што високот свештенство од ватикан ќа посака оваа уметница да ја претстави нивната ликовна уметност - тогаш нејзиното име дефинитивно е Елпида Хаџи-Василева.



Родена е во Кавадарци, но веќе одамна му припаѓа на светот. Дека е тоа така покажува и фактот за нејзината актуелна самостојна изложба Making Beauty, поставена во Djanogly Art Gallery во Нотингем. Весникот „Нотингемпост“ објави осврт за ова апоставка која ќе биде отворена до крајот на октомври, а престижната телевизија Си-ен-ен пред две недели објави и интервју со неа. „Создавајќи уметност од органи и од свинско сало“, објавува Си-ен-ен.

„Вродена убавина 3“

Повод за текстот сепак е актуелен настан. Во скопската галерија „Остен“, вечерва, во 20,20 часот ќе биде отворена самостојна изложба од Хаџи-Василева, под наслов „Вродена убавина 3“, која ќе биде отворена до 20 септември. Изложбата се состои од пет инсталации од нејзини дела - мембрани од свински желудници на црни основи 20 х 20 см на панели со различни димензии.

- Визуелната сензација на нејзиниот концепт (ципи од свински желудници фиксирани на црна основа во квадратна рамка, како минијатури, со димензии 20 х 20 см и како такви математички подредени во синхронен систем кој е постиран на галериски ѕид, на тој начин асоцирајќи на таписерија) лежи во мултипликативноста, монохроматската миметичност на претставата, која се менува од квадрат во квадрат, истакнувајќи ја текстурата како предоминантен елемент и истовремено креирајќи ритмички привидна динамичност. Секоја единица/квадрат има различна, своја, поинаква поетичност, печат, егзистенција, пулсација - пишува за изложбата Ана Франговска, историчарка на уметност.



Истовремено со отворањето ќе бидат бидат промовирани двете графички мапи: „Вродена убавина 3“ и „Просторни инсталации“ на уметнициата, со кои таа се вклучува во проектот на „Остен - 70 графички мапи за 70 години Остен“.

Мастер диплома на Кралскиот колеџ во Лондон

Елпида Хаџи-Василева е родена во Македонија во 1971 година. Дипломирала при Школата за уметност во Глазгов во 1996 година и добила мастер диплома на отсекот скулпторство при Кралскиот колеџ во Лондон 1998 година. По дипломирањето, Елпида учествувала во многу интернационални изложби, вклучително L’H du Siege во Франција, Kilmainham Gaol музејот во Даблин и три пати била претставник на Венециското биенале за ликовна уметност. Во 2005 година во рамките на групна изложба, во 2013 била како национален претставник на Македонија, а лани како претставник на Ватикан. Има учествувано и во многу европски програми за уметнички престој, вклучувајќи го ArtSway, Ирскиот Музеј на Модерна Уметност и Berwick Gymnasium Fellowship. Хаџи-Василева исто така има работено на јавни проекти и скулптурни просторни инсталации вклучително: „Ние сме сенки“, Unit2, Лондон; „Животен Циклус“, Бристол; Re|Sort, Галерија Фабрика, Брајтон; Ambush, The New Forest. Живее во Лондон.

Чантичка од тестиси од овен

Марк Петерсон за „Нотингхемпост“ пишува: „Неверојатно е што се можете да направите со четири тестиси од овен“.

- Органска архитектура, жива, ребреста. И навистина, потсетувањето на месо и крв е исто така промислена - иако, во овој случај, месото упатува на сличности меѓу човечките суштества и животните (крави, свињи и овци). Влегувате на изложбата исто како да влегувате во црква. Се наоѓате во некој вид на коридор, направен од слоеви прозрачен материјал кој се спушта од таванот. На крајот, тунелот се отвора во одаја каде специфичен јајцевиден објект се спушта од стотици јажиња од коноп. Дали е ова гнездото на матицата? Крајот на патувањето? Ако глетката беше црна, направена од гума, а не во млечно бела боја, целата сцена ќе потсеќаше на накоја од оние кошмарни, клаустрофобични сетови на уметникот Х.Р. Гајер, дизјанирани за филмот „Осми патник“ - пишува Петерсон.



Лили Силвертон од Си-ен-ен ја прашува која причина ја натерала да работи со материјали кои сите ги сметаат за отпад? Таа одговара:
- Гледав на отпадот како за нешто што може да се сочува. Како да се сочува и да се претвори во нешто повредно? - објаснува таа.



Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура