X
 29.05.2016 Уметност

Како изгледа внатрешноста на француските возови?

1

 

Насекаде низ светот јавниот превоз се користи за луѓето да стигнат до музеите и галериите, меѓутоа француската железничка компанија „SNCF“ одлучила уметноста да им ја „донесе“ на патниците со тоа што возовите ги претвори во галерии.


Внатрешноста на возовите е украсена со графики кои ги имитираат делата од богатата импресионистичка колекција на музејот „d'Osraу“, архитектурата на дворецот Версај и фотографиите од најстарите филмски компании во светот „Cinema Gaumont“.

 

2


Во текот на патувањето патниците можат да уживаат во слики како што се „Morning, Sun“ од францускиот сликар Камиј Писаро, како и познатата „Blue Water Lilies“ од Клод Моне. Проектот кој француската железница го реализирала со американскиот партнер „3М“ освен што на јавноста ѝ ја приближува уметноста, рефлектира блиска врска помеѓу железницата и уметноста. Многу луѓе велат дека благодарение на оваа креативна интервенција се намалува оштетувањето и бројот на графитите во возовите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност