X
 06.09.2016 Економија

Каде во Америка најлесно може да се најде работа?

Најпрофитабилните компании - стартапи се наоѓаат во Чикаго. Градовите надвор од големите центри како што се Њујорк или Сан Францисо, нудат повеќе бенефиции како помали трошоци за живот, но и помали плати за да ги намамат компаниите. Многу податоци покажале дека токму овие компании – стартапи рапидно го зголемуваат бројот на вработени.

ноксвил тенеси

Топ 5 градови во Америка каде компаниите покажале најмногу развој во периодот од 2012-2015 се Лос Анџелес, Филаделфија, Њујорк, Вашингтон и Атланта. Сан Франциско се нашол дури на 16то место, а изненадувачки, по првата петорка следен е Ноксвил во Тенеси. Во овие истражувања не се ставал акцентот на видот на индустрија на компаниите. Така, најбрзорастечкa компанија може да е за консултантски услуги за човечки ресурси. Таква компанијата е AtWork Group во Ноксвил која додала околу 25.000 работни места кај своите клиенти во периодот од 2012-2015. Иако вкупниот број на вработувања можеби е хиперпоболизиран заради маркетинг, многу компании во рангираните градови се како машини за вработување. Фирмите во Далас-Форт Ворт во Тексас отвориле околу 22.100 места во овој период, а компаниите во Феникс околу 11.500 работни позиции во истиот период.

Во големите градови ситуацијата е слична. Филаделфија потполнила 57.000 работни места надминувајќи го Њујорк благодарение на компанијата Freedom Mortgage за финансиски услуги која вработила повеќе од  1600 луѓе. TechStyle Fashion Group потполнила 1900 нови места, а C2 education преку 2700 вработени.

Овие бројки ги изнеле компаниите, но во нив се вклучени и привремени или сезонски вработени.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија