X
 07.09.2016 Живот

Препознајте ги токсичните личности во опкружувањето

Терминот „токсична личност“ можеби е пресуров, но често се случува да не ни е пријатно да имаме одредени личности во опкружувањето. Тоа не значи дека тие се лоши, тука дека не влијаат здраво на другите. Но, ако одредена личност има негативно влијание на другите на било кој начин, тоа може да се именува и како токсично.

човек со маска


Како да ги препознаете токсичните луѓе?


Тие се лоши слушатели: ако некој ве прекинува додека зборувате можеби само не сака да изгледа глупав. Но недостиг на признание и одговор, едноставно незаинтересираност е очигледен знак за лош слушател. Најчесто тие продолжуваат да зборуваат само за себе.

Тие се секогаш жртви: тие за сѐ нешто што им се случува обвинуваат други. Не признаваат вина и толку се навикнати на кажување изговори што дури ги изговараат несвесно.

Им судат на луѓето: тие ќе дадат лош коментар за некој што дошол во моментот и е тотално непознат. Тоа го прават повеќето, но токсичните личности ќе кажат дека тие навистина чувствуваат кога нешто е погрешно кај другиот, или ќе се шегуваат за физичкиот изглед.

Бараат внимание:
ним постојано им е потребно внимание – тие прекинуваат, доминираат и контролираат. Додека постојано се трудат да го добијат, тие веќе се центар на вниманието во групата.

Не ги почитуваат другите: шокантно е колку некои луѓе гледаат и судат за делувањата на другите луѓе, а токму тие се оние што прават пречки во сообраќајот, или не кажуваат „благодарам“.

Тие постојано ги прекинуваат другите:
ги прекинуваат разговорите, сообраќајот, прекинуваат со телефонот, тие се постојано во „јас режим“. Секогаш имаат друга работа кога треба да покажат трпение или сочуство.

Го истакнуваат нивното его: за да се дојде до заклучок дека некој е посебен, потребно е да се набљудува од страна. Другите ја препознаваат посебноста и тие се скромни за своите квалитети. Но, токсичните луѓе не се такви воопшто.

Тие се физички или емоционално навредливи: физичкото или емоционалното навредување на друга личност е несовесен и токсичен акт.

Не си ги признаваат грешките: тие мора секогаш да се во право. Никакви докази нема да ја предомислат токсичната личност да ја признае грешката. Можеби ќе се обидат со жестоко вокално аргументирање, но тие всушност само се обидуваат да победат во дебатата.

Не преземаат одговорности: овие луѓе не согледуваат дека нивните делувања ги донесе до лоши резултати.

Тие се снобови: токсичните луѓе често гледаат од горе на другите, сите се нечисти, лошо облечени, невредни за нивно признание. Се однесуваат како да се во средно училиште и се сметаат себе си дека се посебна класа.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот