X
 12.09.2016 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 12 септември 2016 година, 256-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:06, а ќе зајде во 18:51 часот. Денот ќе трае 12 часа и 45 минути. Во Македонија ова утро имаме умерено облачно време и топло време. Локално има и појава на магла. Во крајните југоисточни и источни предели има и сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА - Во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди. Попладне развој на нестабилност која ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд, а локално ќе има и појава на грмотевици. Без врнежи ќе останат централните и северните предели од Македонија. Ќе дува доумерен источен, североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 11 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 3.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска не очекува умерено облачно време со сончеви периоди и ветровито. Во доцните попладневни часови не се исклучува можноста за сосема слаб дожд. Ќе дува доумерен северерен ветер. Утринската температура од 18 степени, максималната дневна до 28 степени. УВ индекс 3.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Од вторник стабилизација на времето во Македонија, па во наредните денови не очекува претежно сончево време со свежи ноќи и утра. Во утринските температури од 8 до 17 степени, а максиамлните од 22 до 33 степени. Во среда и четврток минималните температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека пак дневните од 21 до 32 степени, односно од 22 до 33 степени. Во петок претежно сончево и топло време со максимални температури кои ќе достигнат до 23 односно до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот