X
 18.09.2016 Наука

И на Земјата постојат населени места со вонземски животни услови


Не постојат жители како оние на пештерата Мовиле. Вонземските услови во оваа романска пештера, само неколку километри оддалечена западно од Црното море, беше затворена 5,5 милиони години. И покрај тоа што воздухот внатре е отровен и неподносливо влажен, овој коктел од фактори претставува вистински рудник за биолозите.

Помалку од 100 луѓе ја пребарувале пештерата, според информациите од BBC Earth. Пештерата е откриена во 1986 година, кога работници од Социјалистичка Република Романија, бараа земјиште за изградба на нуклеарна централа. Денес, пристапот до пештерата е ограничен од страна на властите, а може да се влезе само со посебна дозвола.

Воздухот во пештерата е составен половина од потребната количина на кислород, висок процент на јаглерод диоксид и водороден сулфид. Внатре е катран црно, а пештерата не видела светлина 5,5 милиони години.

Но, и покрај тешките услови, научниците успеале да идентификуваат 48 животински видови. Меѓу суштествата се наоѓаат низа од пајаци, водни скорпии, псевдоскорпии, стоногалки, пијавици, изоподи, од кои 33 видови единствено живеат во оваа пештера.

Суштество 1

Повеќето од животните немаат вид и имаат недостаток од пигмент. Исто така, имаат вретенести тела, со долги екстремитети и антени што им помагаат да се движат во мракот.

Суштество 2

За да би бил целосно вонземски животот во пештерата, тој е единствениот познат екосистем кој се заснова на хемосинтетски бактерии. Мнозинството екосистеми функционираат преку фотосинтеза, за да создадат енергија. Но, отсуството на природна сончева светлина предизвикува бактеријата да се снабдува со енергија директно од хемиските реакции, какви што се оксидацијата на сулфидот или оксидацијата на амониумот.

Суштество 3

Она што останува мистерија за научниците е како овие суштества се нашле во пештерата.

“Многу е веројатно дека бактеријата повеќе од 5 милиони години постои во пештерата, додека инсектите се населувале со текот на времето”, изјави за BBC Earth микробиологот Колин Мурел од Универзитетот Источна Англија.

Мистериите на пештерата не се докрај истражени, но по 30 години од откривањето, научниците се надеваат на обелоденување на уште поголем број животински видови, а некои од нив може да дадат голем увид во еволутивната биологија, па дури и за природата на животот.     

Суштества 4




Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука