X
 10.10.2016 Живот

Неделна временска прогноза - Какво време да очекуваме оваа недела?

Денес е понеделник, 10 октомври 2016 година, 284-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:35, а ќе зајде во 18:03 часот. Денот ќе трае 11 часа и 27 минути.



Почетокот на новата работна недела го започнуваме со облачно и дождливо утро во поголем дел од Македонија но и потопло со повисоки утрински температури во однос на претходните денови.

МАКЕДОНИЈА – Македонија денеска ќе биде под влијание на Медитерански циклон кој што ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер. Поинтензивни врнежи се очекуваат во југозападните, југоисточните како и во источните и североисточните предели каде локално се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд. Утринските температури од 5 до 14 степени, додека пак максималните дневни од 11 до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје облачно со врнежи од дожд и ветровито време. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови, односно во вторник и среда облачно со врнежи од дожд и ветровито време. Во среда поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните, источните и југоисточните предели, а максималните температури ќе достигнат до 11 односно до 21 степен. Во четврток поинтензивни врнежи ќе имаме во северните и североисточните предели а дневните температури ќе се движат од 9 до 19 степени. Во четврток и петок стабилизација на времето и повисоки дневни температури, додека пак утринските ќе бидат во опаѓање.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот