X
 25.09.2016 Наука

Опаѓа нивото на кислород на Земјата

Во последните 800 илјади години, количината на кислородот во атмосферата се намалила за околу 0.7 проценти. Тоа не е загрозувачко по животот на Земјата, но доволно е за да ги замисли научниците.

 

 

 

Во новото истражување, објавено во Science, научниците од Принстон Универзитетот ги испитувале воздушните меурчиња кои се наоѓаат во старите ледени подрачја во Гренланд и Антартикот. Тимот на истражувачи го процениле минатиот атмосферски притисок на кислородот, со мерење на односот на кислород со азот во воздушните праисториски меурчиња.

Кислородот е клучен за животот на Земјата каков што го знаеме, но исто така игра улога во многуте хемиски процеси кои се одвиваат на земјата. Промена од 0.7 проценти и не е нешто драматично, но научниците ги засега прашањето : Каде исчезнал кислородот?

Научниците имаат две хипотези кои го објаснуваат намалувањето.

Првата хипотеза вели дека глобалната ерозија можно е да се зголемила во изминатите десетици милиони години, меѓу другото, и втората вели дека причина е зголемувањето на глечерите.

Кога океанот се лади, а тоа го прави во изминатите 15 милиони години, пред согорувањето на фосилните горива, растворливоста на кислородот во океанот се зголемува. Тоа значи дека океаните можат да складираат повеќе кислород на пониска температура од зададената концентрација на кислород во атмосферата.

Постојат многу материјали кои исто така влијаат на отстранување на кислородот од атмосферата. Рѓата се формира кога железото се сврзува со кислородот. И пиритот и органскиот јаглерод се ефикасни во „заробувањето“ на кислородот. И овие супстанци може да се виновници за намалувањето на кислородот во атмосферата.

Има уште едно интересно откритие во истражувањето. Освен во последниве 150 години, нивото на јаглерод диоксид е помалку или повеќе константно. Ова е неочекуван податок, бидејќи нивоата на јаглероден диоксид имаат тенденција да се зголемуваат кога нивото на кислородот опаѓа.

Потенцијално решение е таканаречениот „силикатен атмосферски термостат“, концепт кој во иднина треба да биде тестиран, кој ќе наговестува зголемена ерозија во вулканските карпи кога атмосферата ќе биде побогата со јаглероден диоксид. Овие карпи се „измиени“ од морето и јаглеродниот диоксид е заробен таму.

Сепак, потребни се повеќе истражувања преку кои подобро ќе се дефинира функционирањето на кислородот и јаглеродниот диоксид во атмосферата во изминатите периоди на планетата. 

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука