X
 28.09.2016 Живот

Која вештина е клучна за финансиски успех?

Quora е платформа за споделување на знаење каде релевантни прашања се одговараат од луѓе што имале соодветно искуство. За прашањето „Како да се стане трговец со осигурувања?“ еден одговор гласи „... Да се биде паметен и добар во работа под притисок, да биде брз при вербално изразување, сигурен во убедувањата, но со тактики кои може да се променат под неочекувани околности и од внатре да се ужива ризикот, па дури и да се прават и паметни и глупави зделки само за да се држи ритам.“

човек и пари


Од финансиските трговци често може да се слушне дека се следат инстинктите кога се прават ризични финансиски одлуки, а овие тврдења сега се поддржани и од науката. Неодамнешна студија испитувала дали нивниот успех е поврзан со внатрешните телесни сигнали. 18 учесници што тргуваат со финансии во тишина ги броеле отчукувањата на срцето за 1 минута без рачно да проверуваат. За време на броењето на показалецот им бил прикачен оксиметар за мерење на пулсот за да ги мери вистинските отчукувања. Колку повеќе се преклопуваат отчукувањата што ги брои учесникот со оние што вистински се измерени од направата, толку е поголема точноста на внатрешното чувство и инстинктите.

Се дошло до неколку главни заклучоци. Финансиските трговци броеле со многу поголема точност од група од 48 други учесници што биле тестирани за споредба. Крајните резултати во мерењата на 18те учесници ги предвиделе успесите во профитирањето, т.е. оние со поголема точност во мерењето на отчукувањата на срцето покажале поголем успех во изминатата година, а се покажало и дека оние што имале најточни мерења на пулсот со оксиметарот, всушност имале најдолго искуство на финансискиот пазар. Помладите вработени покажале поголеми варијации во мерењата на пулсот, што според истражувачите значи дека потешко ги детектираат телесните сигнали.

Оваа истражување отвора прашање дали можеби за вработување во оваа и друга слична област како што е продажба, би требало да се земе предвид и способноста да се следат инстинктите и притоа тие навистина да водат кон поголем успех?!

Вештината на следење на инстинктот кај некој е изразена повеќе, а некому му недостига. Но, како и било која друга вештина, таа може да стекне со вежбање и напор, секако, за оние што имаат време и трпение.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот