X
 01.10.2016 Забава

Месечен хороскоп за октомври 2016 година

Прочитајте што ѕвездите подготвиле за вас во текот на претстојниот месец.

 

1

 

Овен


Работа - Пред вас е одличен месец. Вашиот владетел Марс се наоѓа во знакот на Јарец и во полето на кариерата и напредувањето каде неговата позиција е силна, па секако очекувате голема посветеност, одговорност и организација. Нагласено е се' она што е поврзано за договори, нови бизнис планови и пронаоѓање на личности кои ќе бидат подготвени за соработка со вас. Јупитер се наоѓа во вашето поле на соработнички односи, сериозни партнерства.

Љубов - Нагласеното поле на партнерство индицира дека слободните Овнови во овој период ќе бидат подготвени и отворени за вистинска врска. Вие се смиривте и се стабилизиравте, на љубовта гледате на различен начин и не сакате ништо минливо и краткотрајно. Смачено ви е од лутање и менување, и несигурност. Односот во кој можете да влезете на самиот почеток на овој месец има добри предиспозиции за трајност.

Здравје
- Постои потенцијал да се истрошите и исцрпите, па затоа најдобро би било да се насочите кон собирање на енергија.

Бик

Работа - Одлично поставените ситуации и секојдневието со Јупитер ќе ви го донесе она што ви е најпотребно - еден исполнет период со работни акции и големи шанси за стабилизација. Не само што ќе ја зацврстите вашата позиција, туку и ќе имате големи можности да го проширите вашиот бизнис вклучувајќи нови соработници и партнери. Марс, кој ги претставува вашите соработници, ќе биде во знакот на Јарец, а тоа укажува дека ќе имате голема помош од другите.

Љубов - На слободните Бикови овој месец ќе им бидат понудени слатки ветувања, добра забава, а дали ќе сакате да се смирите со една личност, останува да видиме. Во секој случај, во октомври влегувате во фазон „земи се' што нуди животот“, и до максимум ќе искористите тоа што сте популарни во друштвото и што лесно го привлекувате спротивниот пол. Од вториот дел на месецот постојат поголеми шанси некој да ви го зароби срцето, а најизразени се во последните недела дена.

Здравје - Јупитер се наоѓа во вашето поле на здравје, што е генерално позитивно бидејќи ви нуди заштита.

Близнаци


Работа - Овој месец навлегувате со целосно различна енергија. Ве очекува доста напорен период, но во првата седмица се'уште ќе бидете под притисок кој ви го наметнуваат соработниците и партнерите. Од другиот дел на месецот полесно ќе воспоставите добра комуникација и подготвени сте на компромис и прилагодување, како и оние со кои доаѓате во контакт, па пред вас се одлични шанси за нови проекти и соработки.

Љубов - Во текот на најголемиот дел од октомври, Близнаците во емотивни врски и бракови ќе се трудат да се прилагодат во однос во кој се наоѓаат. Владетелот на вашиот знак, Меркур, ќе транзитира преку Вага и вие ќе го освоите принципот на заедништво, хармоничност, усогласување со партнерот. Веројатно почесто ќе излегувате или ќе извршувате повеќе друштвени активности, а сигурно е дека ќе ви одговара да бидете опкружени со пријателите и драгите луѓе. Нагласениот знак на Шкорпија во првиот дел на октомври дополнително ќе ги подобри вашите емотивни релации.

Здравје - Благо опаѓање на енергијата и имунитетот.

Рак

Работа - Сонцето, кое владее во вашата професија и финансии, во знакот на Вага до почетокот на третата недела од октомври, ветува коректна соработка и добри партнерски релации. Исто така, полесно ќе успеете да се изборите со обврските, па не е ни чудо што некои од вас во вториот дел од овој период ќе имаат шанса да го подобра нивниот статус во бизнис круговите. Со надредените се трудите да функционирате со помош на компромис, особено кон крајот на октомври.

Љубов - Во вашето поле на сериозни емотивни партнерства и брак се наоѓа транзитниот Марс, чија енергија можете да ја искористите и позитивно и негативно. Имено, поддршката од страна на Јупитер во вашето поле на домот и семејството, како и младата Месечна во оваа куќа ќе ви дадат нова можност, нова шанса емотивните релации кои ви се важни да ги зацврстите и стабилизирате.

Здравје - Доста солиден месец на поле на здравјето.

Лав

Работа
- Од самиот почеток на октомври ќе бидете подготвени за акција. Нагласеното поле на комуникација, договори, движењето на младата Месечина во првите денови на овој период, како и транзитниот Марс во вашето поле на секојдневни обврски, ќе ви донесат голема насоченост и ангажираност, но во исто време и способност на вашите задачи да пријдете одговорно и трајно. Некои од вас во текот на овој период ќе почувствуваат и потреба да го променат работното место со што ќе се најдат повторно на пазарот на трудот.

Љубов - Месецот кој кај Лавовите ветува прилично коректни односи во емотивните врски и браковите. Присуството на Венера во полето на домот и семејството, до половина на месецот ви дава нова можност со брачниот партнер да изградите подобра комуникација, посилна поврзаност, но и да ги пробудите заспиените страсти. Оние во емотивна врска се подготвени за посериозни чекори, нешто што ќе го поддржува и вашата сакана личност, но и двајцата мислите дека нема потреба за брзање.

Здравје - Присуството на Марс во полето на здравјето ќе ви донесе проблеми со имунитетот.

Девица

Работа -
Младата Месечина во вашето поле на професија и пари на самиот почеток на октомври ќе отворат доста добар бизнис месец. Се' до крајот на октомври ќе бидете доста ангажирани и насочени и не е ни чудо што сето ова ќе резултира со стабилност во вашата професија, но и добри финансиски приходи. Обрнете повеќе внимание на луѓето со кои доаѓате во контакт. Немојте да донесувате брзи одлуки, и добро проверете да не правите грешки и пропусти во текот на извршувањето на секојдневните обврски.

Љубов - Со малку труд и толеранција, вашите емотивни и брачни односи нема да функционираат ни малку лошо во текот на октомври. Младата Месечина во полето на лични вредности на почетокот на овој период ќе ви ја донесат потребата добро да размислите за односите во кои се наоѓате. И самите сте свесни дека претходните неколку месеци оставија трага врз вас и врз вашиот партнер и дека се неопходни промени за односот целосно да се стабилизира.

Здравје - Одлична здравствена состојба.

Вага

Работа - Одличен работен период поради Месечината, како и присуството на Сонцето, Јупитер и Меркур. А сето ова е благодарение на вашите таленти, способности и големи амбиции. Не само што ќе бидете во можност елоквентно и брзо да размислувате, туку и ќе ги совладувате и потешките околности, и ќе допрете до луѓето со кои сакате да имате соработка. Немојте да дозволите овој одличен период да помине без вашите големи активности. Бидете колку што можете повеќе активни и сето тоа ќе се исплати.

Љубов
- Младата Месечина во вашето поле на личноста на почетокот на октомври ќе ви донесе нов поглед кон случувањата и нивните емотивни врски. Вие лично ќе бидете подготвени на различен начин да ѝ пристапите на саканата личност, и сте подготвени да отворите многу прашања и конечно да започнете да зборувате за нешто што ве мачело во текот на претходниот период. Марс, кој владее со вашето сериозно партнерство, ќе се најде во знакот на Јарец, што донекаде ви носи тврдокорност и бавност, но и голема посветеност.

Здравје - Контролирајте го апетитот.

Шкорпија


Работа - Вашиот владетел, Марс, се наоѓа во знакот на Јарец, каде има доста влијание и моќ. Венера се наоѓа во вашиот знак, па сето ова заедно донесува вистински способности да реализирате одлични контакти со потенцијалните соработници и да си отворите себеси многу врати. Вашата креативност и идеи ќе бидат силно изразени со влегувањето на Сонцето и Меркур во вашиот знак кон крајот на октомври. Ова е стандардно одличен месец за бизнис.

Љубов - Месечината во полето на потсвеста на почетокот на октомври ќе делува на Шкорпиите во таа смисла што ќе бидете подготвени да се посветите на емотивните врски во многу поголема мера отколку претходниот период. Не само што на различен начин ќе ги гледате односите со саканата личност, туку и друга страна ќе сака да ви се приближи и повторно да се реализира врската која претходниот месец се наоѓаше на „стаклени нозе“. Некои од вас лесно ќе влезат во површни односи, додека други ќе бидат подготвени да го дочекаат она вистинското.

Здравје - Гледајте да се одморите и опуштите.

Стрелец

Работа - Нагласениот знак на Вага која транзитира и која е владетелот на вашиот знак, во текот на октомври ќе ви донесе големи шанси на работа и можност преку врските и познанствата да си отворите многу врати. Исто така, вашето поле на работа и пари ќе биде збогатено со транзитирањето на Марс, кој ќе ви донесе огромна посветеност, стабилност и силна волја да го реализирате она што сте го зацртале. Во првите две недели од месецот ќе направите реорганизација на работата.

Љубов - Време е за нова фаза во вашата емотивна врска и брак. Позади вас и партнерот се наоѓа прилично напорен период, а голем дел од вас не се сигурни во која насока се движат. Можеби во текот на првата недела дена се'уште ќе бидете кревки кога станува збор за комуникацијата со саканата личност, но и самите ќе видите дека за брзо време ќе успеете да си ги отворите срцата и конечно да започнете со решавање на проблемите кои ве следеле.

Здравје - Внимавајте на психичкото здравје.

Јарец

Работа - Месечината и транзитирањето на Јупитер и Сонцето преку вашата кариера ќе ви донесат напредок и просперитет. Овие добри околности ќе ви донесат желба за голема амбициозност во работата. Ви и досега бевте некој кој е подготвено одговорно и трпеливо да напредува, чекор по чекор, па сега дополнително ќе бидете внимателни.

Љубов - И самите сте свесни низ колку напорен период минаа вашите емотивни врски. Сега влегувате во период кога ќе можете да го регулирате сето тоа, такашто ова е одличен период да се посветите на односите во кои се наоѓате. Марс во транзит преку вашиот знак, ќе ви даде доволно енергија и посветеност за зачувување на врската и ќе ви донесе посилна потреба за стабилизирање на емотивната врска. Многу осамени припадници на овој знак ќе бидат и повеќе од расположени за излегување и дружење.

Здравје - Проблеми со варењето на храната.

Водолија

Работа - Месечината на почетокот на октомври и транзитирањето на Јупитер и Сонцето преку вашето поле на кариера, ќе ви донесе напредок и просперитет. Исто така, ова значи дека ќе бидете подготвени за работа во странство, проширување на знаењето, експанзија и развој. Евидентно е дека пред Водолиите се наоѓа период кога сте спремни за проширување на вашето знаење, но и обемот на работата, а се' повеќе ќе се насочувате и кон другите простори каде ќе можете да го пласирате она што го работите.

Љубов - Иако вие и вашиот брачен партнер воглавно ќе барате компромис во текот на целиот октомври, ќе постои период во кој накратко, ќе донесете турбуленции на ситуацијата во вашата врска. Во текот на другата недела ќе се појават првите несогласувања, најмногу поради тоа што комуникацијата меѓу вас двата ќе биде послаба, а и двата немате доволно трпение. Дури и страста, која во овој период ќе биде поголема отколку обично, ќе биде дополнителена причина за на вистински начин да ја „зачините“ вашата врска.

Здравје -
Стабилен имунитет и слаба подложност на сезонските вируси.

Риби

Работа - Процесот на промени во работата која значително започна во текот на септември продолжува и во текот на октомври, но во целосно различна атмосфера. Комуникацијата со соработниците, колегите и надредените сега ќе биде многу постабилна и лесно ќе биде да направите договор со другите, да пронајдете компромис и заеднички јазик. Месецот ќе си донесе можност за напредување и зацврстување на позициите на вашето работно место.

 

Љубов - Вие и вашиот партнер треба да воведете значајни промени за вашиот однос да напредува. Имено, јасно е дека изминатиов период беше доста комплициран и остави трага врз вашите емотивни односи. Добро е што и двајцата сте свесни дека комуникацијата и усогласеноста се вашиот основен проблем и дека е неопходно во овој сегмент да се средите и стабилизирате. Сега навистина имате можност за вакво нешто, а се чини дека месец октомври во суштина ќе го означи овој пресврт.

Здравје - Внимавајте на имунитетот кој и понатаму е прилично слаб.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава