X
 31.07.2016 Забава

Месечен хороскоп за август 2016 година

Ѕвездите откриваат што ни донесува космичката енергија за овој месец.

 

horoskop


Овен

Работа -
Среќата на работа нема да ве напушти ниту во август, бидејќи планетата Јупитер, од полето на вашата работа ви донесува поволни околности, а стимулативната енергија на сонцето и Лавот, ќе ве прави многу активни и креативни. Новиот производ, проект, реклама, опрема или страна ќе биди она што најмногу ќе ве преокупира во првите две недели од август. Во овој период, особено ќе просперира бизнисот. Ќе бидете подготвени за тимска работа и тоа позитивно ќе влијае врз развојот на вашата кариера.

Љубов - Уште од минатиот месец во вашите брачни и партнерски односи и во вашиот дом се вселија љубовта и хармонијата. Многу сте среќни и задоволни, а за тоа имате доста причини бидејќи партнерот ви го дава целото свое време, внимание, нежност и страст. Слободните претставници на вашиот знак во август ќе бидат неодоливо привлечни за спротивниот пол и така понесени од енергијата на сонцето ќе бидат неуморни  во дневните и ноќните активности. Ќе се забавуваат, флертуваат и лесно ќе влегуваат во кратки романси.

Здравје - Одлично здравје, кондиција и енергија.

Бик

Работа - Пред вас е одличен работен месец во кој ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација која беше прилично лоша минатиот месец. Вашата планета на финансии, Меркур, останува во пријателскиот знак Девица, такашто во текот на целиот август ќе имате доста ангажмани, вешти финансиски трансакции и финансиска стабилност. Кога сметката на банката ќе биде доволно добра, многу Бикови ќе се одлучат да инвестираат во реновирање на работниот простор и рекламите.

Љубов - Позади вас остана периодот во кој воглавно бевте сконцентрирани на себеси и кога ги задоволувавте сопствените потреби. Со поместувањето на транзитните планети, се воспостави и нов распоред во кој се прегрупира силата кон западната хемисфера и вие се будите и постепено им се отворате на другите луѓе, сфаќајќи ја нивната вредност и нивната улога во вашиот живот. Оваа промена прво ќе се одрази во вашиот дом кој со љубов и труд го реновиравте и декориравте, а потоа во другите делови од животот.

Здравје - Добра здравствена состојба иако со текот на времето ќе имате помалку енергија.

Близнаци

Работа -
Август ќе биде динамичен месец за сите Близнаци кои поседуваат некаков бизнис, а ќе бара и доста ангажираност и внимателност при извршување на работата. Вклучете го вашето внимание и внимавајте на промените на пазарот, дополнителните законски одредби и монетарната ситуација. Имате поддршка од вашата планета Меркур, такашто се' зависи од вашето проценување, прилагодување и ангажман. Доколку успеете да ја држите ситуацијата под контрола ќе спречите финансиски загуби.

Љубов
- Оние Близнаци кои се во брак или во врска можат да очекуваат сложена ситуација и комплицирани односи до 13 август, односно додека планетата Сатурн од вашето поле на брак не го промени правецот на движење и тргне кон директно патување. Ситуацијата ќе се нормализира во втората декада на август. Оние слободните пак ќе бидат спонтани. Планетарниот распоред во август го нагласува вашето поле на домот и најверојатно во овој период најмногу ќе ви одговара забавата во домашна атмосфера и познато друштво.

Здравје -
Солидно со малку емоционални потешкотии.

Рак

Работа -
Се' додека сонцето е во знакот на Лав и во втората куќа на вашите финансии, за вас се создаваат оптимални можности за одлична заработка и постигнување на финансиски максимум за оваа година. Со оглед на тоа што парите и комуникациите се во прв план, поголем дел од месецот ќе се занимавате со распределба на парите како и собирање корисни информации за нови опции кои би можеле да го унапредат вашиот бизнис.

Љубов - Вашите брачни или партнерски односи после подолг период на криза во голема мера ќе се подобрат во текот на овој месец. За промена на ситуацијата заслужна е промената на енергијата и престанувањето на ретроградноста. Вашиот партнер го промени однесувањето и се труди околу вас, но се'уште е вашето секојдневие на испит. За слободните, први август со излегувањето на Марс од вашето петто поле на љубовта и од Шкорпија, спонтано ќе се менува сликата за љубовта и врските, ќе престане тензијата и ќе се изгубат негативните чувства.

Здравје - Чувствителна група се оние Ракови кои имаат хронични тегоби.

Лав

Работа -
Пофалби за Лавовите; потрошивте огромна енергија и успеавте да ја докажете способноста за управување и да се изборите со авторитетот во вашата бранша. Одлично ви оди поволниот распоред на планетарни енергии кои ви олеснуваат да го заокружите циклусот со успех и да го зајакнете влијанието. Особено е поволна ситуацијата кај Лавовите кои се занимаваат со креативни, научни и управувачко организациска работа. Невработените Лавови може да добијат работна позиција во последната седмица од август.

Љубов - Вашиот однос со партнерот се'уште не е излезен од критичниот период. Најмногу овде станува збор за борбата за моќ, љубомората, различните животни филозофии и взаемното несогласување. Колку ќе успеете да ја санирате оваа ситуација зависи од подготвеноста за компромис и кај двајцата како и толеранцијата. Слободните Лавови кои бараат романтика, страст и љубов, во текот на август имаат многу повеќе шанси да ја пронајдат.

Здравје - Одлична состојба, а вишокот на енергија можете да го потрошите во некој спорт.

Девица

Работа -
Август за Девиците кои работат ќе биде многу подобар и помалку стресен месец, во споредба со случувањата и непријатностите во претходниот месец. Успеавте во меѓувреме да ги консолидирате вашите сили, да ги зајакнете и прецизно да ги испланирате понатамошните потези, кои ќе ви обезбедат успешна работа. Планетарната сила за вас е на источна страна, а од први август, вашата планета Меркур влегува во вашиот знак и максимално ве поддржува.

Љубов - Девиците кои се во брак/долга врска во текот на август поминуваат низ еден вид на партнерска криза. Нема да ви биде лесно да се изборите со партнерот и да избегнете препреки и расправии. Во овој период најверојатно ќе се изолирате за да избегнете продолжување на расправиите. Вака посебно привлечни, ќе бидете мета на бројни додворувања. Но, за вас нема да биде лесно да го заборавите минатото.

Здравје - Што се однесува до здравјето, внимавајте на покачувањето на тежината.

Вага

Работа -
Влегувате во период кога ќе настанат позитивни промени и ќе мора да се одлучите за нови чекори во работата. Брзото движење на вашата лична планета Венера, ви овозможува да го проширите вашиот бизнис, контактите и познанствата. Ќе добиете поддршка од вашите надредени. Од 22 август ќе се повлечете од јавноста за подобро да ја разгледате ситуацијата, да донесете заклучок и да направите планови и стратегии за идните чекори и напредување на вашиот бизнис.

Љубов - Со излегувањето на Марс од Шкорпија и вашата седма куќа на партнерски односи, исчезнува и најмалото зрно сомнеж и љубомора, па вие се чувствувате како да можете да му се препуштите на партнерот. Летниот занес и една романса можат да го разубават летото на осамените срца на Вагите, кои сакаат да пронајдат партнер. Љубовта спонтано се случи, тогаш кога не ја баравте.

Здравје - Внимавајте на хроничните тегоби.

Шкорпија

Работа
- Позитивните космички сили и во текот на август продолжуваат да го поддржуваат успехот на работа и просперитетот на Шкорпиите кои се сопственици на фирми односно агенции и мали и големи компании. Успехот најмногу ќе се гледа низ вашето второ поле кое ќе биде дополнително енергично со влегувањето во него на 2 август. Ваквата планетарна поставка ќе ви донесе развивање на бизнисот и одличен финансиски успех.

Љубов - Шкорпиите кои се во брак или долгогодишна врска имаат можност во текот на август да ги подобрат односите и да го подобрат квалитетот на заедничкиот живот. Големата количина на париќе биде првиот „лепак“ за зближување, заедничко планирање и подобрување на квалитетот на заедничкиот живот. До крајот на месецот имате можност со партнерот да одите на интересно патување. Слободните Шкорпии ги очекува активен период, со што големи се шансите од едно долгогодишно пријателство наеднаш да се случи љубов.

Здравје - Внимавајте на исхраната и намалете го внесувањето на алкохол.

Стрелец

Работа - Стрелците во август ги очекува доста динамичен месец полн со обврски и активности. Со поддршка на сонцето и компатибилниот знак во Лав и планетата Марс, имате сила да го издржите забрзаното темпо без поголеми последици. Позитивната планетарна енергија околу вашата кариера покажува дека е време да ги зграпчите сите можности и да го подигнете бизнисот на завидно ниво.

Љубов - Вашите љубовни односи одат кон правилна насока. Бурата полека се повлече и ги избриша сите лоши сеќавања, и сега и двајцата сте спремни да работите за вашите цели и заеднички интереси. Умеете да го дигнете партнерот на голема висина, само ако почувствувате дека е вистински и дека го заслужува вашето внимание и љубов. За слободните Стрелци уште од почетокот на месецот ги очекува средба со угледна личност, директно или индиректно поврзана со бизнисот.

Здравје - Полни сте со оптимизам, енергија и акции.

Јарец

Работа -
Јарците кои работат во приватни компании ќе успеат да одржат рамно ниво, но со доста борба околу наплатата. Вашата планета на финансии Уран оди ретроградно и долго време нема да го промени правецот, што значи дека во овој период треба да поработите на реконструирање на финансискиот план и пронаоѓање на начин за сигурна заработка. На почетокот на август ќе добиете корисен контакт за бизнис патување.

Љубов - Ве очекува динамичен и возбудлив период со партнерот. На почеток може да ви пречи преземањето и доминацијата на партнерот во домот, но за брзо време ќе престанете да се грижите и ќе се препуштите во водството. Слободните Јарци овој месец ќе продолжат со забава и дружење. Вашата сталожена појава е непрепознатлива во текот на овој месец бидејќи ќе си дадете слобода да лудувате и да го промените однесувањето. Пред крајот на месецот еден Бик, Вага, Девица, Риби или Рак ќе предизвика интересни чувства кај вас.

Здравје - Помали проблеми со дишните патишта

Водолија

Работа -
За повеќето Водолии, ретроградното движење на Плутон е одговорно за вашиот успех на работа, а планетата за финансии Нептун, ќе создаде нестабилна ситуација и лоши материјални односи. Исто така, со излегувањето на Марс од вашето десетто поле, ќе се намали можноста со директни акции да ги насочите работите на подобро. Ќе ви биде потребно да вложите доста напор и да разработите планови за да пронајдете извор на материјални средства.

Љубов - За разлика од помалите проблеми на работа, Водолиите во своите семејства и со постојаниот партнер имаат соодветни односи. Имено, сонцето ќе го грее полето на вашите брачни и партнерски односи се' до 22 август, па пред вас е убав период, кога во партнерот ќе пронајдете материјална и морална поддршка. Потребниот мир и разбирање и среќа ќе ги пронајдете во вашето семејство и домот. Слободните Водолии кои бараат авантура, љубов и возбудување во текот на август ќе имаат доста среќа.

Здравје - Проблеми со мускулите.

Риби

Работа - Август ќе биде плоден и успешен месец за Рибите. Во овој период имате силна поддршка од планетарната енергија, бидејќи планетата на вашиот успех на работа Јупитер, ви овозможува нови шанси за проширување на бизнисот под поволни околности. Исто така, Марс ќе ви помогне во финансиските трансакции и ќе го подигне вашиот бизнис на едно сосема ново и високо ниво. Посебно успешни ќе бидат сите кои работат на креативно, маркетиншко и организациско поле.

Љубов - Намалена семејна среќа и добри односи со децата и партнерот на сметка на одличната ситуација на работа. Во овој период ќе се изолирате и вие и вашиот партнер, па времето ќе го поминувате во тишина и музика. Слична ситуација ги очекува и слободните Риби кои ќе бидат во романтично расположение, меѓутоа ќе сакаат да бидат сами. Големи се шансите да станат заинтересирани за Девица, Рак, Лав, Вага или Шкорпија.

Здравје - Ќе се соочите со несоница.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава