X
 07.10.2016 Живот

Храбриот генерал кој не примал наредби од Хитлер

Генералот Дитрих вон Сокен добил орден за храброст уште во Првата светска војна, а во Втората ја имал храброста да се спротивстави на Хитлер.

 

Генералот Дитрих вон Сокен, веќе на прв поглед изгледа како архетип на строгиот генерал. Во Првата светска војна седум пати бил ранет на боиштата, но е награден со високи одлики за храброст. Останал во германските редови на војската, но подоцна е преместен во Русија каде научил да зборува руски. Служел во многу борби во текот на Втората светска војна и имал репутација на голем војник – кој пробал да спаси што повеќе луѓе.

 

 

 

 

Во февруари 1945 година, по 35 години лојалност, бил протеран од армијата, бидејќи самиот инсистирал на тоа, велејќи дека е бесмислено да се продолжи со војната. Еден месец потоа  повторно му се јавиле, бидејќи бил навистина добар генерал. Хитлер го повикал Сокен во својот бункер и му дал наредба да ја брани Прусија од Русија.

 

Хитлеровите поданици станале нервозни, дури им се чинело дека Хитлер не сфатил колку Сокен одамна јавно ја покажал омразата кон него.

 

Полека дошол носејќи го својот витешки меч, што било забрането во Хитлеровото присуство, па апатично го поздравил – наместо со класичен нацистички поздрав кој бил задолжителен поздрав кон Хитлер.

 

Сокен го гледал својот “шеф“ со омраза, а Хитлер од него побарал да поднесе извештај. Зарем пруски генерал да прима наредби од партиски функционер?

 

Хитлер го погледнал полн со бес, но бил и многу зафатен со проучување на картата поставена на масата. Дитрих Вон Сокен треснал со раката на масата со сета сила – во тој момент го добил вниманието од Хитлер. Го погледнал со очи полни со бес, а потоа му кажал : “Немам намера да примам наредби од вас Хитлер.“

 

За ова му била потребна голема храброст, бидејќи многумина биле стрелани поради многу помали злодела од ова. Вон Сокен отворено се бунтувал, одбивајќи директна наредба и понижувајќи го. Настапила тишина, која ја прекинал Хитлер : “Во ред е Сокен, командувајте сами“.

 

Му дал знак да оди. На тоа, Сокен лошо одглумил со минимален наклон и повторно без нацистички поздрав си заминал.

 

Фацинантно е во оваа приказна е тоа што Хитлер бил човек од кого сите се плашеле, кој не трпел навреди и недолично однесување, но попуштил пред човекот кој впрочем бил поголем чиновник од него. Да имало повеќе вакви луѓе околу Хитлер, прашање е колку порано можело да му се стави крај на неговото владеење.

 

Сокен продолжил да дава наредби на луѓето до последниот ден од војната. Бродот кој бил наменет за негово заминување го искористил за да ги испрати своите ранети војници.

 

 

 

 

На 8-ми мај, по официјалниот крај на војната во Европа, му била дадена последната воена медалја. Очекувано, Русите сурово постапувале кон него. Физички го малтретирале, па поради повредите завршил во инвалидска количка. После десет години заробеништво својот живот го продолжил во Баварија каде почнал да се занимава со уметност.

 

Тоа бил човек кој не бил вплеткан во воени злосторства, туку човек кој се борел за својата татковина. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот