X
 18.10.2016 Технологија

Внимавајте на правилата - Фејсбук ги гаси профилите!

Во последните неколку дена масовно се блокираат профилите на корисниците на Фејсбук, бидејќи не се придржувале кон строгите правила на оваа друштвена мрежа.

 


Корисниците кои објавиле некоја фотографија, видео или линк кој се коси со правилата на Фејсбук, дури иако таа постапка може да биде пред неколку години, профилот ќе им биде блокиран.

 

 

 


Ако не сте имале проблеми порано со правилатана оваа друштвена мрежа ќе бидете блокирани привремено, односно на 24 часа.

 


Фејсбук денес брои над 800 милиони активни членови. Бидејќи има толку голем број на членови, не може за секој поединечен корисник да се одредува дали го прекршил правилото заради некој збор, слика или објава.

 


Секогаш постојат исклучоци, особено затоа што Фејсбук поставил неколку ригорозни правила, кои доколку ги прекршите, ќе бидете отстранети.

 


Ова се правилата кон кои Фејсбук строго се придржува :

 


- Говор на омраза

 


- Закани, криминал и терористички активности

 


- Крвави и „голи“ фотографии, злоупотребување, физички пресметки


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија