X
 27.10.2016 Живот

Времето во Македонија во наредните 5 (пет) дена

Денес е четврток, 27 октомври 2016 година, 301-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 17:38 часот. Денот ќе трае 10 часа и 43 минути.

Во Македонија ова утро имаме претежно облачно и малку потопло време во однос на утринските температури во изминатите денови.

Во текот на денот не очекува претежно облачно време со услови за повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време со пад на дневните температури. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Во доцните попладневни и во вечерните часови од југ продор на влажна воздушна маса која во југозападните, јужните и југоисточните предели ќе услови врнежи од дожд, а услови за дожд може да има и понекаде во централните и источните предели. Овие врнежи се очекува да продолжат и во текот на ноќта кон петок. Утринските температури од 7 до 15 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до 19 степени.

Во Скопје умерено облачно време со услови за повремени и кратки сончеви периоди. Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а мкасималната дневна до 16 степени.

Во петок во раните утрински часови услови за врнежи од дожд ќе има во југозападните, јужните и југоисточните предели кои претпладне ќе престанат и намалување на облачноста, а во останатите предели во текот на целиот ден умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито со температури од 8 до 17 степени. Во сабота и недела по студеното утро, во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Во сабота утринските температури од -2 до 6 степени, а максималните до 10 односно до 19 степени, додека пак во недела минималните од 0 до 8 степени, а дневните од 8 до 17 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и температури од 10 до 19 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот