X
 04.11.2016 Живот

Од визија до вистински успех - 3 години Singular во Македонија

Интернационалната компанија Singular за софтверски иновативни апликации бележи 3 години од своето постоење во Македонија. Со седиште во Валета, Малта, компанијата оперира во iGaming и FinTech индустријата, а посебен фокус и успех има со развој на платформи и решенија за оператори на игри на среќа. Приказната која во Македонија започна со тим од шест луѓе во стан од само 60 квадрати, бележи експоненцијален пораст во последниве три години со амбицијa за континуиран напредок.



Јасна визија, талентиран тим и напорна работа е добитната комбинација за Singular, вели Дарко Гацов, управителот на компанијата во Македонија.

„Брендот на Singular е веќе добро познат во iGaming индустријата на глобално ниво, но посебно сме горди што за овие 3 години успеавме да изградиме препознатлив бренд и во ИТ индустријата во Македонија. Ќе продолжиме и понатаму да развиваме исклучителни производи со помош на исклучителен талент. Наша цел е да создадеме работна околина во која се негува култура на самоунапредување, проактивност, и тимски дух постојано предизвикувајќи ги нормите на индустријата во која работиме. Со нашиот трет роденден заокружуваме едно поглавје на успешно позиционирање на пазарот, но едно тврдам со сигурност, ова е само загреавање. Продолжуваме да се движиме кон поголеми предизвици и поголеми успеси.“





По повод 3-годишното успешно функционирање во Македонија, компанијата организираше тематска „казино“ забава каде тимот Singular во друштво на своите
пријатели и соработници наздрави во име на успехот.





Уникатните карактеристики на производите на Singular ја издвојуваат компанијата од останатите на светскиот iGaming пазар. Иновативниот софтвер, сигурноста на системите и динамичниот кориснички интерфејс во комбинација со деталното разбирање на индустријата го гарантираат задоволството на крајните корисници. Денес, покрај двете главни развојни бази во Тбилиси, Грузија, и Скопје, Македонија, Singular е присутна и во Лондон и Валета, а во план е и отварање на претставништво во Сан Франциско и Киев.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот