X
 18.11.2016 Култура

Измислена идеалната комбинација - вино со вкус на книга!


Вино и книга во едно

Виното никогаш нема да ви биде послатко од сега, благодарение на креативните творци на проектот Librottiglia, кои на амбалажата на италијанските бели и црни сортни вина поставија мини книжиња со кратки раскази.

На секое вино му одговара специјално избран краток расказ, со намера да се постигне совршен спој на карактеристиките на бербата со соодветниот жанр и приказната. Љубителите на овој божествен пијалок ќе можат меракот да го мерат меѓу една голтка нектар и една страничка од неповторливата приказна.

Автори на дизајнот се Reverse innovation за потребите на винарницата Matteo Corregia од Италија. На „корицата“ поставена врз стаклото од шишињата се наведени насловот на расказот и вински етикети и описи.

Вино и книга во едно 1

Книжето е „укоричено“ со врвки коноп, а текстот е испечатен на дебела хартија што ја опколува стилизираната амбалажа. Приказните се авторски дела на новинари, хумористи и мистериозни писатели.

Вино и книга во едно 2

„Денес читаме од компјутери, таблети и смартфони“, забележуваат креаторите. „Што нè спречува да читаме од шише со вино?“, прашуваат тие. „После долги години дискутирање за аналогното версус дигиталното, посакавме да понудиме алтренатива: енолошкото (посветено на одгледувањето и проучувањето на виното). 

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура