X
 23.11.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата



Денес е среда, 23 ноември 2016 година, 328-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:27, а ќе зајде во 16:11 часот. Денот ќе трае 9 часа и 44 минути.


Ова утро во Македонија во котлините долж Повардарието и југоисточна Македонија, како и во Кумановскиот и Битолскиот регион имаме појава на магла која понекаде условува и намалена водливост помала од 50 метри. Во останатите предели претежно ведро и релативно топло време.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови имаме појава на магла која по котлините во централните и северните како и во југоисточните предели ќе се заржи во поголем дел од денот условувајќи намалена видливост и температури кои ќе бидат и најниски во однос на останатите градови. Во останатите предели претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од -2 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска не очекува магловито и посвежо време, услови за кратки сончеви периоди ќе има само во попладневните часови. Слаб ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 8 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток речиси идентична временска ситуација. Појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во останатите предели претежно сончево и топло време со максимални температури кои ќе се движат од 9 до 17 степени. Во петок по утринската магла во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди, попладне во западните, југозападните, јужните и југоисточните предели со услови за врнежи од дожд. Температурите од 8 до 16 степени. Во сабота умерено облачно и нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд и пораст на утринските температури, а максималните ќе се движат во интервал од 9 до 16 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди и температура од 9 до 16 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот