X
 30.11.2016 Живот

Младите луѓе сметаат дека овие избори се многу важни и се изјаснија дека ќе гласаат

Fakulteti.mk спроведе анкета со која ги праша граѓаните со право на глас: Дали за тебе е важно да го оствариш правото на глас?



На прашањето одговорија вкупно 1530 посетители на веб-страната.

Најголем процент од испитаните се на возраст од 18 до 24 години, односно 39,2% што укажува на заинтересираност на младите да размислуваат и дејствуваат во однос на политичките прашања.

Мнозинство од испитаниците, дури 68,4% се изјасниле дека за нив гласањето е важно и сигурно ќе гласаат. На 13% од испитаниците гласањето на овие избори не им е важно затоа што не веруваат дека нешто ќе се промени, а 8% иако сметаат дека е важно да се искористи правото на глас – нема да заокружат ниедна опција и ќе го прешкртаат гласачкото ливче.

Сепак, резултатите од оваа анкета сведочат за свесност и ангажираност на македонските граѓани, меѓу кои постои голем процент кој ја разбира важноста на искористување на правото на глас.

Младите гласачи ги нарекуваат wind of change и нивниот глас е особено важен во демократските општества. А важен е затоа што голем број на клучни прашања во актуелните политички случувања се директно поврзани со нив. Финансиските проблеми на студентите, лесно вработување на штотуку дипломираните, младите професионалци и нивните кариери нема да доживеат реформи и просперитет без вклучување на младите во политиката.

Резултати од оваа анкета укажуваат на заинтересираност на младите да размислуваат и дејствуваат во однос на политичките прашања. Најголем процент од испитаните се на возраст од 18 до 24 години, односно 39,2%, додека 33% се на возраст од 25 до 34 години, што заедно чинат значителни 70% од испитаниците желни да бидат вклучени во граѓанските процеси како одлучувачки фактор.

Младите луѓе се најпогодени од економските кризи. Трошоци за образование, отселувања, недостаток на работни места и парализирана финансиска иднина и самостојност се ситуациите со кои се соочуваат многу млади луѓе.

Тоа се ситуациите кои нема да се променат доколку младите седат со “скрстени раце“ додека се носат големите политички одлуки. Младите гласачи кои сакаат да направат промени треба да ја покажат својата поддршка за кандидатите кои ќе ги претставуваат нивните потреби.Тие се голем и разнолик гласачки блок. Токму тие може да направат многу голема разлика на изборите ако нивниот одѕив е висок. Различната природа на младите е важен прилог во демократскиот процес, затоа што младите луѓе носат нови искуства и идеи во политичките расправи и одлуки. Младите гласачи може да им покажат на останатите дека различностите може да се договорат за нивните заеднички интереси.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот