Денес е петок, 9 декември 2016 година, 344-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:44, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 09 часа и 21
минути.
Во утринските часови имаме ведро и студено утро. По котлините, особено
долж Повардарието имаме појава на магла, која со првите сончеви зраци ќе
започне да се крева.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното и понекаде магловито утро,
во текот на денот претежно сончево и потопло време со пораст на
температурите. Миннималните температури се движат во интервал од -7 до
-1 степени, а пак максималните температури ќе достигнат до 7 односно до
14 степени. Ќе дува доумерен слаб западен и северозападен ветер кој во
централните и источните предели ќе биде доумерен засилен.
Во вечерните часови се очекува појава на слаба магла.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла, а во текот на
денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Слаб северозападен
ветер. Утринската температура од -5 степени, додека пак максималната
дневна температура до 10 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Пред нас е еден сончев и надпросечно топол викенд
кога се во прашање температурите во овој перио од годината. Во сабота
утринските од -4 до 5, а дневните од 10 до 16 степени, а во недела
минималните од -5 до 4 а максималните од 9 до 15 степени. Во понеделник
претежно сончево со локална облачност и температури од 9 до 15 степени,
а веќе во вторник се очекува зголемување на облачноста која ќе донесе
опаѓање на температурите кои ќе се движат во интервал од 4 до 10
степени.
Weather4all.com.mk