X
 27.01.2017 Живот

Временскa прогноза за наредните денови

Денес е петок, 27 јануари 2017 година, 27-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:45, а ќе зајде во 16:47 часот. Денот ќе трае 10 часа и 2 минути.

Ова утро во Македонија преовладува претежно ведро и студено утро, едно од најстудените во оваа седмица. По котлините и долините на реките има појава на магла и ниска облачност која што понекаде ќе се задржи и во претпладневните часови.

МАКЕДОНИЈА – По студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и студено време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер, а попладне во западните предели ќе дува доумерен слаб западен и југозападен ветер. Утринските температури од -18 до -5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до -3 односно до 6 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла која што ќе се задржи и во раните претпладневни часови, попладне ќе биде претежно сончево и студено. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -10 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до -1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота во утринските часови појава на магла која што ќе се задржи и претпладне, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Утринските температури од -14 до -2 степени, a максималните дневни од 0 до 8 степени. Во вечерните часови како и во недела во утринските часови повторно појава на магла, претпладне умерено облачно со повремени сончеви периоди, а попладне зголемување на облачноста. Утринските температури од -8 до 2 степени, додека пак максималните дневни од -1 до 7 степени. Во понеделник појава на магла која што по котлините ќе се заджи и во текот на денот, во останатите предели умерено облачно со сончеви периоди. Минимални температури од -5 до 0 степени, додека пак максималните од 1 до 5 степени. Во вторник појава на утринска магла во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Утринска температура од -8 до -2 степени, додека пак максимални од 1 до 7 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот