X
 11.12.2016 Живот

За што сте зажалиле најмногу во животот?

Со доаѓањето на Нова година, неофицијална традиција е да се свртите наназад и да ги донесете вашите новогодишни одлуки.

 

каење


Претходно оваа година, Њујорчани имаа можност да ги напишат работите за кои најмногу зажалиле оваа година, а резултатите станаа доста популарни.

Така што, ако ви е потребна инспирација и мотивација за вашата одлука - еве што Њујорчани имаа  да кажат.

„Се каам за сето време кое го потрошив велејќи да за се'“.

„Се каам затоа што никогаш не ги следев соништата“.

„Неодамна ми кажаа дека сум бездомник - ако не ги повредев луѓето што ги повредив, немаше да бидам бездомник“.

„Сакав да видам толку многу работи но никогаш не најдов време за тоа“.

„Се каам што никогаш не го кажував она што го мислев“.

„Се каам затоа што не бев подобар пријател“.

 

1


Како што таблата се полнеше со пораки, така една работа стануваше се' појасна:

Сите каења беа поврзани со неискористени шанси, некажани зборови, неисполнети соништа.

„Секој ден е нов, направете ги работите за кои жалите дека не сте ги направиле“.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот