X
 03.07.2018 Живот

Најопасните земји во светот

Институтот за економија и мир оваа недела го објави Глобалниот индекс на мирот за 2018 година, кој ги рангира големите земји според тоа колку се безбедни или небезбедни.

Извештајот рагнирал 163 земји врз основа на тоа колку се мирни. Рангирањето било определено од 23 фактори, а тие вклучуваат стапка на убиства, политички терор и смртни случаи од внатрешен конфликт.

земја

Додека најбезбедните земји се високо развиени земји на Западот и во Источна Азија, најопасните места се концентрирани во Африка и на Блискиот Исток - каде што сиромаштијата и војната создале многу нестабилен спој.

Сирија, земја оптоварена со бруталната седумгодишна граѓанска војна, е рангирана како најопасна земја, а потоа се Ирак и Авганистан.

Нашата земја се најде на 102. место од 163 земји, со 2.133 поени. Таа доби 1,8 од 5 за милитаризација, 2,6 од 5 за општество и безбедност и 1,8 од 5 за домашен и меѓународен конфликт.

Индексот на мирот ги рангира земјите од висок до низок, така што колку е повисок бројот, толку е помалку безбедна земјата. Подолу е листата со најопасните земји во светот.

28. Индија - 2.504
27. Филипини 2.512
26. Еритреја - 2.522
25. Етиопија - 2.524
24. Мексико - 2.583
23. Палестина - 2.621
22. Египет - 2.632
21. Венецуела - 2.642
20. Мали - 2.686
19. Колумбија - 2.729
18. Израел - 2.764
17. Либан - 2.778
16. Нигерија - 2.873
15. Турција - 2.898
14. Северна Кореја - 2.950
13. Пакистан - 3.079
12. Украина - 3.113
11. Судан - 3.155
10. Русија - 3.16
9. Централна Африканска Република - 3.236
8. Демократска Република Конго - 3.251
7. Либија - 3.262
6. Јемен - 3.305
5. Сомалија - 3.367
4. Ирак - 3.425
3. Јужен Судан - 3.508
2. Авганистан - 3.585
1. Сирија - 3.60
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот