X
 13.12.2016 Забава

Овие се најчудните добро платени занимања


Жена опкружена со регистратори полни документи

Луѓето понекогаш работат чудни работи за пари. Постојат многу необични професии, од мирисање хартиени марамчиња до професионално милување. Но, покрај тоа што овие работи се необични, тие се солидно платени.

1.    Професионално милување

Можеби звучи чудно, но постојат луѓе кои плаќаат за некој да ги милува. Лицата кои се занимаваат со професионално милување, добиваат од 60 до 80 долари на час.

2.    Вкусување храна за кучиња

Брендовите кои произведуваат храна за кучиња плаќаат лица кои ја пробуваат и ја оценуваат според вкусот, хранливите материи и пакувањето. Платата им е во просек околу 40.000 долари.

3.    Тестирање тобогани за вода

Освен што е несекојдневна, оваа работа е и многу забавна. Луѓето кои се занимаваат со оваа работа патуваат низ различни забавни паркови во многу земји и ги тестираат тобоганите, оценувајќи ја истовремено и нивната безбедност. Просечната плата им изнесува 30.000 долари.

4.    Допирање лице

Оваа работа подразбира тестирање на кожата на лицето преку допир, по нанесување на некој козметички производ. Лицата кои се занимаваат со ваква работа ги нарекуваат и  „сетилни експерти“. Работат по неколку часа на ден, за 25 долари за час.

5.    Нуркачи по голф топчиња

Нивна работа е да нуркаат во вода за да ги најдат топчињата кои паднале при играње голф. Иако ова изгледа едноставно, работата може да биде и опасна, а потребна е и добра мускулатура за да се изнесат еден куп топчиња од дното. Тие понекогаш нуркаат и во води каде што има алигатори. Топчињата што ги вадат од водата или се враќаат на теренот или се продаваат, во зависност од договорот. Платата се движи од 50.000 до 100.000 долари.

6.    Чекање во ред

Да, ако ви е здодевно да чекате ред во пошта или банка, можете да платите некое лице да чека во редот место вас. Некои луѓе заработија и по 1.500 долари чекајќи во редиците, кога излезе новиот Ајфон. Обично нивната плата е 20 долари на час.

7.    Лице кое место вас ќе оди на шопинг

Освен тоа, овие лица нудат и совети за купување. Меѓутоа оваа работа може да биде и многу напорна, затоа што е потребно да се изгради одреден степен на блискост со клиентот, за да се проценат нивните стил и вкус. Се плаќа по 65 долари на час.

8.    Мирисање хартиени марамчиња

Лицата кои се занимаваат со оваа работа мораат да проценат дали марамчето има чуден мирис што нема да им смета на купувачите. Зачудувачки е тешко вработувањето на оваа позиција заради големата навалица. Можеби причината за тоа е платата што изнесува околу 1.000 долари неделно.

9.    Вкусување сладолед

Оваа работа може да ја работи само експерт специјализиран во областа на исхраната. Тие го оценуваат сладоледот според вкусот, бојата, миризбата, аромата, текстурата и изгледот. Понекогаш дури измислуваат и нов вкус на сладолед. Заработуваат и по 100.000 долари на годишно ниво.

10.    Живи кукли во излог

Ова веројатно е најдосадната работа. Луѓето се платени да стојат во продавниците. Можеби звучи чудно, но „живите кукли“ имаат подобар ефект врз купувачите. Оваа работа бара некој што може да стои мирно со часови, а платата е 100 долари на час.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава