Местото било наменето да биде ресорт покрај морското крајбрежје, но било напуштено уште пред да биде официјално отворено.
„The Sanzhi Resort“ е едно од најморничавите места во светот, а и изгледот навистина наликува на вонземјански објекти. Се наоѓа во Тајван, а изградбата започнала во 1978 година, но само по две години било напуштено заради неколку случаи на мистериозни самоубиства.
Никој не стапнал на тоа место уште од 1980 година, а сега е туристичка атракција заради теориите дека таму се одвиваат паранормални активности. Додека траела конструкцијата, се случиле неколку фатални несреќи. Се верува дека објектот не бил никогаш завршен заради мистериозната смрт на многумина, па градежните работници не сакала да ја довршат конструкцијата.
Дел од работниците извршувале самоубиство иако никогаш не покажувале знаци на депресија. Некои од нив доживеале и сообраќајни несреќи низ околните улици.
Постои верување дека објектот стои над масовна гробница на холандски војници. Некои од работниците тврделе дека биле посетувани од духови кои не сакале нивната света земја да биде сквернавена со таков објект. Други пак, кои се приврзаници на различни суеверија, сметаат дека објектот бил проколнат откако украс од змеј, кој стоел на влезот од градот, а потоа бил уништен. Во азиската култура, змејовите се симболи на среќа и позитивна енергија.
Сега прозорите се скршени, покривот е руиниран и местото навистина изгледа како опседнато. Според
Blumhouse.com, претседателот на локална пивница во Тајван сакал да го трансформира објектот во футуристичко архитектонско дело, но тоа никогаш не се реализирало заради староста на самиот објект.
И покрај многубројните хорор приказни за ова место, сепак до сега никој не открил што всушност се случувало таму. Објектот бил срушен во 2010 и сега од него нема ниту трага. Се ширеле гласини дека можеби на неговото место ќе биде изграден нов хотел.