X
 19.12.2016 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 19 декември 2016 година, 354-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:51, а ќе зајде во 16:10 часот. Денот ќе трае 9 часа и 19 минути.

Како ја завршивме изминатата, така ја започнуваме и новата седмица во Македонија. Ова утро имаме претежно ведро и доста студено време со појава на умерен мраз, а во одделни котлини имаме и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА – По потпросечното и студено утро со утрински температури кои ќе се движат од -13 до -4 степени, во текот на денот во Македонија ќе имаме претежно сончево и потопло време, па се очекува дневните температури да го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат до 4 односно до 12 степени. Слаб северозападен и североисточен ветер.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро со утринска температура од -6 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со дневна температура која ќе достигне до 7 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови Македонија останува под доминантно влијание на поле на висок воздушен притисок кој што ќе условува претежно сончево но и доста студено време. Минималните температури во интервал од -13 до -4 степени, додека пак максималните од 5 до 13 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот