X
 09.02.2017 Живот

Какво време да очекуваме во деновите од викендот што следува?



Денес е четврток, 9 февруари 2017 година, 40-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:32, а ќе зајде во 17:03 часот. Денот ќе трае 10 часа и 31 минутa.

Новото утро ни носи стара временска состојба или состојба која ја имаме веќе неколку денови. Претежно облачно и релативно топло време за овој период од годината, но за разлика од вчера малку пониски утрински температури. По одделни котлини имаме и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот претежно облачно и топло време. Попладне во западните и југозападните предели како и во Малешевијата постојат услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд, додека пак на планините над 1000 метри врнежите ќе бидат од снег. Уште еднаш да напоменеме дека се работи за сосема слаби врнежи, кои мораме да ги споменеме. Слаб северозападен и североисточен ветер, кој во текот на денот ќе го промени правецот и ќе дува доумерен слаб југоисточен и источен ветер. Утринските температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 2 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно облачно и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 2 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 8 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок претежно облачно време, попладне и навечер во западните и југозападните предели со услови за слаби врнежи од дожд, додека над 1000 метри врнежите ќе бидат од снег. Минималните температури од -3 до 6 степени, додека пак максималните дневни од 1 до 11 степени. Во сабота умерено облачно со услови за повремени сончеви периоди. Утрото ќе биде малку посвежо со температури од -4 до 5 степени, додека пак максималните ќе достигнат до 1 односно до 11 степени. Умерено облачно со повремени сончеви периоди ќе биде и во недела кога минималните температури ќе се движат од -6 до 3 степени, додека пак дневните од 0 до 10 степени. Трендот на опаѓање на температурите ќе продолжи и во понеделник кога ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност. Минималните од -7 до 2 степени, додека пак дневните од -1 до 9 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот