X
 28.12.2016 Живот

Компанија за пример: Ги носи сите вработени на крстарење по Карибите

Новогодишните празници се на чекор од нас, а повеќето од нас очекуваат сиво небо, студено време и снег.

 

крстарење


Додека нам ни е студено и гледаме да останеме дома на топло, со шолја чај и соништа за летното сонце, вработените на една компанија ќе уживаат во сонцето и Карипското море.

800 вработени од компанијата „Bertch Cabinets“ ќе заминуваат на бесплатно крстарење по Карибите. Компанијата од Ајова на „Facebook“ ја споделија добрата вест - и предизвикаа чувство на љубомора кај голем дел од нас.

„Заминуваме на 8 јануари“, изјави претседателот на компанијата, Гери Берч. „Имаме четири чартер авиони кои директно ќе летаат за Мајами во недела. Ќе престојуваме во хотел со пет ѕвезди, а потоа од хотелот одиме на пристаниште и се качуваме на брод“, додава тој.

Берч вели дека патувањето е награда за напорот кој вработените го вложиле за да ги реализираат целите на компанијата за изминатата година. Тој всушност го понудил крстарењето како поттик за исполнување на целите, пред скоро година.

„Се обидуваме да ги мотивираме нашите вработени да ги постигнат и целите ориентирани кон клиентите, и секако, финансиските цели“, вели тој.

 



Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот