X
 16.02.2024 Живот

Ако ја имате оваа монета од 2 евра, можеби сте богати без да знаете

Монета од 2 евра што можеби ја имате во вашиот дом може да достигне вредност од 4.000 евра.

Како е можно тоа?

Во одредени ситуации, Европската Унија продава специјални монети во ограничени серии, кои стануваат исклучително вредни со текот на времето.

На пример, во чест на 25-годишнината од смртта на принцезата Грејс Кели, Монако искова 20.001 монета од 2 евра со нејзиниот лик. 20.000 од нив се појавија на пазарот во период од седум години, завршувајќи во 2014 година, а една му беше подарена на нејзиниот син, принцот Алберт Втори.

Никогаш не биле произведени помалку монети во една комеморативна серија, што дополнително ја зголемува вредноста на оваа од Монако. Во периодот од 2007 до 2014 година, кога сѐ уште се произведуваа, се продаваа по просечна цена од 120 евра, а денес вредат 4.000 евра.

Исклучителна вредност има и монетата од 2 евра од Литванија, произведена во 2021 година, но не поради ограничената серија, туку поради грешка. Од 500.000 во оптек, 500 имаат пропуст на рабовите, поради што во колекционерските кругови се продаваат за околу 3.000 евра.

Исто така, уште една серија од 2 евра од Монако достигнува исклучителна вредност. Произведена е во 2016 година во чест на 800-годишното постоење на тамошната тврдина и се продава за 1.500 евра бидејќи е лимитирана серија.

Извор: bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот