X
 16.03.2018 Живот

Хокинг еднаш приредил забава на која никој не дошол

Изнервиран од постојаните приказни за патници низ времето и за тоа дали е можно да се патува од иднината во минатото, генијалецот Стивен Хокинг своевремено одлучил на оригинален начин да одговори на ова прашање и еднаш засекогаш да ја реши таа дилема. Тој решил да организира забава.


Неговиот план бил едноставен. Во 2009 година Хокинг решил да организира огромна забава за која ќе се зборува. Но, имало трик: патниците низ времето биле особено добредојдени, односно забавата била за нив. Хокинг не испратил ниедна покана се додека не завршила забавата.

-Можеби некогаш некој во иднината ќе пронајде покана и ќе ја искористи временската машина да се врати низ времето на мојата забава и да докаже дека патувањето низ времето еден ден ќе биде можно - истакна Хокинг во видео снимката која се појави и во неговиот документарен мини-серијал „Во универзумот“.

На поканата пишувало: „Срдечно сте повикани на приемот за патници низ времето кој го организира професорот Стивен Хокинг. Одржана е во минатото, на Универзитетот Кембриџ,колеџот Гонвил и Кајус, на улицата Тринити, во Кембриџ.“

Секако, наведувањето на адресата не е доволна информација за кој било патник низ времето, па Хокинг ја ставил и локацијата на забавата во точни координати во времето и просторот. Забавата се одржала на 28 јуни 2009 година и имала и дополнително, многу важно соопштение: потврдувањето на присуството не било потребно. Чекајќи ги потенцијалните гости, на Хокинг му било јасно дека патниците низ времето нема да се појават.

-Каква штета. Се надевав дека идната мис универзум ќе влезе низ таа врата - рекол Хокинг.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот