X
 16.03.2021 Живот

Решена дилемата дали шолја кафе или чај може да се смета како чаша вода

Хидратацијата е клучна за целокупното здравје, а обичната вода е најдобриот начин за еден човек да остане хидриран. Ако кафето и чајот се прават со вода, дали тие може да се сметаат како дел од дневното внесување  вода?

- Поради кофеинот, кафето е и природен диуретик и стимуланс на мочниот меур. И чајот има сличен ефект - вели д-р Ванита Сима-Чанг, уролог. Иако ова е вистина, диуретичните ефекти се благи, а истражувањата покажуваат дека кафето и чајот, и покрај вообичаените заблуди, всушност, не дехидрираат кога се консумираат умерено.

Дали шолја кафе може да се смета како чаша вода?


Иако една шолја кафе не хидрира како чаша вода, сепак, може да се смета во вашиот дневен внес на течности.

- Со оглед на тоа што дејствува како диуретик, јас би го сметал кафето за приближно половина од течноста што е. На пример, една шолја кафе се смета за половина чаша вода - вели д-р Кетрин Валдроп.

Но, треба да имате предвид дека консумирањето повеќе шолји кафе без да пиете вода може да заврши со дехидрираност.

- Една шолја кафе нема да ве дехидрира, но пиење повеќе шолји без да внесете вода ќе го направи тоа - вели д-р Биндија Ганди.

- Сувите, испукани усни можат да бидат знак дека сте „претерале“ - објаснува гастроентерологот Вил Булсиевиц. Другите знаци на дехидратација вклучуваат темножолта урина и недоволна потреба за мокрење.

Заклучок: Една шолја кафе е еднаква на половина чаша вода.

Дали чајот се смета за една чаша вода?


Повеќето чаеви содржат кофеин, но значително помалку од кафето. Затоа, д-р Валдроп смета дека повеќето чаеви со кофеин се три четвртини од количината на вода. Но, билните чаеви не содржат кофеин и според нејзините мерила, тие би биле еднакви на една чаша вода.

кафе
Фото: Freepik

Иако овие бројки не се засноваат на наука, д-р Валдроп вели дека тие можат да се користат како општи упатства за да се утврди дека внесот на течности е доволен.

Заклучок: Една шолја чај е еднаква на три четвртини од чаша вода.

Што кога станува збор за кафиња и чаеви со различен вкус?


Различни видови кафиња и чаеви имаат различно влијание врз нивото на хидратација. На пример, црното кафе и чајот помалку ќе хидрираат од белото кафе или чаша чај со млеко или немлечна алтернатива, вели Ганди.

Можеби се чини дека млекото не е добар извор на хидратација, но некои студии покажуваат дека токму млекото поттикнува рехидратација по вежбањето, дури и поуспешно од некои спортски пијалаци. Обидете се да ги пиете овие незасладени млечни пијалаци бидејќи слатките пијалаци можат да доведат до дехидрација побрзо од незасладените пијалаци.

Генерално, кафето и чајот не мора да се спротивставуваат на хидратацијата како што многумина некогаш верувале, вели д-р Валдроп. Вашето тело ќе ја апсорбира течноста што ја консумирате преку чајот и кафето и на тој начин ќе придонесе за нивоата на хидратација.

Извор: Mindbodygreen.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот