X
 16.04.2018 Живот

Го уапсиле поради една фотографија на „Вацап“

Со помош на една фотографија полицијата од Јужен Велс покрена обвинение по 11 точки против еден наркодилер. Тој завршил зад решетки откако во телефонот била пронајдена негова фотографија на апликацијата „Вацап“ на која на дланката држи таблети екстази.

Дејв Томас од полицијата во Јужен Велс рече дека ваквиот начин на апсење е револуционерен и додаде дека полицајците сега повнимателно ги прегледуваат телефоните на уапсените.


Фото: Pixabay

Дилерот бил идентификуван од специјалното одделение во полицијата кое ја анализирало неговата дланка и врз основа на тоа успеало да го утврди идентитетот на дилерот. Се верува дека ова е прво вакво апсење во Велс.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот