X
 14.02.2019 Живот

Како кучето на Закерберг „склопило“ договор вреден 19 милијарди долари

Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Закерберг, може да му се заблагодари на своето куче, унгарски овчар по име Ѕвер (Beast), за тоа што стана сопственик на „Вацап“.

Додека договорот за продажба на апликацијата бил во криза и во собата каде што се воделе преговорите владеела тишина, миленикот на Закерберг влетал во собата и скокнал директно кај сопственикот на „Вацап“. Тогаш се развило пријателство, а наскоро паднал и договор.

Закерберг откри и детали од преговорите со коосновачот Јан Кум и како кучето му помогнало во склопувањето на договорот.

- Мислам дека моето куче Ѕвер беше тајното оружје. Ситуацијата беше напната и Јан рече дека мора да размисли за сè - раскажува Закерберг.

Во собата владеела тишина сè додека не влетал Ѕвер. Некое време кучето збунето стоело во собата и одеднаш скокнало и се склопчило во скутот на Јан. Коосновачот на „Вацап“ го погалил кучето и полека се создало ново пријателство.

Атмосферата се затоплила, па на крајот успешно била склучена зделката. „Вацап“ била продадена за неверојатни 19 милијарди долари. Ѕвер има и своја страница на „Фејсбук“. Во октомври 2016 година Закерберг објави фотографија од ќерката Макс со кучето и напиша дека нејзиниот прв збор бил „куче“.

View this post on Instagram

Max loves Beast. Her first word: dog.

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) on

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот