X
 26.03.2020 Технологија

„Вацап“ им објави војна на лажните вести

„Вацап“, една од најпопуларните платформи за размена на инстант-пораки, тестира функција што може едноставно да им каже на нејзините 2 милијарди корисници дали одредено тврдење направено во пораките што ги добиле е точно.

Во најновата бета-верзија на својата апликација „Андроид“ услугата во сопственост на „Фејсбук“ им овозможува на корисниците набрзина да го провери текстот или видеото на интернет што го добиле.

„Вацап“ веќе некое време ја тестира оваа опција, но портпаролот на компанијата изјави дека се планира оваа функција да се воведе во блиска иднина.

- Работиме на нови функции за да им помогнеме на корисниците да дознаат повеќе информации за пораките што ги добиваат. Оваа функција моментално се тестира и со нетрпение очекуваме да ја воведеме - изјави портпаролот.

Тестирањето на функцијата доаѓа во време кога „Вацап“ и другите платформи за пораки се користат почесто од кога било бидејќи луѓето сакаат да останат во контакт со своите пријатели, семејства и колеги поради пандемијата на коронавирусот.

Како што беше и во минатото, неколку платформи, вклучувајќи ја и „Вацап“, се борат со ширењето на дезинформациите - овој пат за коронавирусот. Но, сега „Вацап“ презема итна акција. Минатиот месец почна да ги контактира владите за да помогнат во нивните напори да обезбедат точни информации за пошироката јавност.

Деновиве Индија објави вацап-бот за да им помогне на своите граѓани да бидат подобро информирани за коронавирусот. Истото го направи и Светската здравствена организација, објавувајќи вацап-бот за луѓето на глобално ниво со цел да ги разбијат митовите за коронавирусот и да одговорат на некои од најчесто поставуваните прашања во врска со вирусот.

Извор: Tech Crunch
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија