X
 16.04.2022 Наука

Русија планира да слета на Месечината годинава

Русија планира да слета на Месечината во текот на оваа година. Претседателот на државата, Владимир Путин, изјавил дека земјата се надева на испраќање ракета на Месечината во текот на годинава. Според планот, тоа треба да се случи пред почетокот на третиот квартал од годинава, поточно на 22 август.

Мисијата на Русија „Луна-25“ претходно била одложувана повеќе од 5 години со оглед на тоа што првиот план бил таа да биде лансирана во 2016 година. Во рамките на мисијата, Русија треба да постави истражувачка станица на Месечината заедно со Кина до 2035 година.

Вселенската програма на државата „Роскосмос“ се соочува и со повеќе санкции од странски партнери поради војната во Украина, додека вселенските агенции НАСА и ЕСА бараат алтернативи за руските ракети за идните мисии.

Инаку, поранешниот Советски Сојуз бил првата земја во светот што стигнала до површината на Месечината во 1959 година со мисијата „Луна 2“. Поминале 46 години откако Русија последен пат испратила мисија на Месечината.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука