X
 16.05.2018 Наука

Ѕвезда-скитник ита кон Сончевиот Систем



Новата пресметка на шпанските научници покажува дека познатата ѕвезда-скитник што ита кон Сончевиот Систем ќе се доближи до Сонцето на помало растојание отколку што се сметало досега.


Ѕвезда во пад
(Фото: ikonacolor/iStock)


Според новите пресметки, џуџестата ѕвезда „Глиси 710“ би стигнала до Сончевиот Систем за 1,29 милион години, наместо за 1,36 милион, што претставува далечна иднина што нема да ја доживеат ниту најдалечните потомци на сегашните луѓе.

Таа би требало да помине низ надворешниот дел од Сончевиот Систем, познат како Ортов Облак. „Глиси“, која се движи низ вселената без влијание на гравитација, има брзина од 51.500 километри на час низ Млечниот Пат.

Уште од 1996 година е познато дека „Глиси“ патува кон Сончевиот Систем, меѓутоа, научниците ги собраа потребните податоци за попрецизна пресметка на нејзината оддалеченост и брзина пред само неколку години.

Стручните лица сметаат дека „Глиси 710“ не претставува опасност дури ни за далечните поколенија на луѓето.

Имено, таа ѕвезда има маса која изнесува само 60% од масата на Сонцето, така што со својата гравитација ќе може да влијае само врз тела во околина од 40 астрономски единици (оддалеченост од Сонцето до Земјата).

Со други зборови, би можела да предизвика нарушување само во Ортовиот Облак, кога ќе помине низ него на оддалеченост од 4.303 астрономски единици од Сонцето.

Само за споредба, тоа е стопати поголемо растојание од она меѓу Плутон и Сонцето.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука