X
 20.12.2019 Наука

Ѕвезда исфрлена од центарот на Млечниот Пат се движи со неверојатна брзина

Астрономи од Универзитетот „Меквајр“ во Сиднеј открија нова ѕвезда или ѕвезда-џуџе која се движи со брзина од 1.700 километри во секунда и се оддалечува од центарот на Млечниот Пат.

Научниците се уверени дека ѕвездата „S5-HVS1“ била исфрлена од центарот на галаксијата како резултат на интеракција со супермасивната црна дупка „Стрелец А“. Ѕвездата е стара 500 милиони години, а животниот век ѝ е најверојатно една милијарда години. Таа е од спектрална класа А, т.е. со бела боја. Масата ѝ е 2,35 пати поголема од таа на Сонцето.

Статистичките податоци посочуваат дека брзодвижечките или супербрзите ѕвезди од главната секвенција се многу ретки. Тие се од спектрална класа O и В, а животниот век им е неколку десетици милиони години. Почесто се среќаваат супербрзи неутронски ѕвезди, кои остануваат по експлозија на супернова. На пример, неутронската ѕвезда „RX J0822-4300“ се движи со брзина од над 1.500 километри во секунда. Во 2018 година беа откриени супербрзи ѕвезди, кои за една секунда минуваат по 2.200 километри во секунда.

Во случајот со неутронските ѕвезди и белите џуџиња, високата брзина е резултат на асиметрична експлозија, при што ѕвездата се претвора во супернова од тип II или тип Ia. Ѕвездите од главната секвенција добиваат енергија додека се наоѓаат во систем што вклучува три тела или црна дупка.

mlecen pat
Фото: James Josephides (Swinburne Astronomy Productions

Местоположбата и брзината на ѕвездата „S5-HVS1“, која е на 29.000 светлосни години од Земјата, укажуваат дека била исфрлена од центарот на Млечниот Пат пред околу 4,8 милиони години.

Освен тоа, во системот од три тела веројатно има ѕвезда која прави обиколка околу „S5-HVS1“ во период од 3 до 40 дена, а масата ѝ е помала од таа на Сонцето.

Слични двојни ѕвезди се голема реткост и се појавуваат во центарот на Млечниот Пат при зголемување на материјата од црна дупка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука