Кога јутјуб-ѕвездата Мариале Мареро се преселила од својата родна Венецуела во Америка, тоа не било поради социјалните мрежи и развивањето на работата. Таа се преселила уште во 2014 година во Питсбург поради мажот, кој во овој град се школувал, но и поради многубројните можности за подобар живот.
Сега Мареро има над 11 милиони следбеници низ три канали за промоција, а нејзината публика ја сочинуваат луѓе од шпанското и од англиското говорно подрачје. Таа почнала со канал на англиски јазик, кој денес го посетуваат над 1,6 милион интернет-корисници.
Различни канали за различна публика
Мареро објаснува дека има три јутјуб-канали што ѝ овозможуваат да бара различни видови видеа. „Сите мои три канали имаат целосно различна публика“, објаснува таа.
Нејзиниот оригинален канал на шпански јазик е фокусиран на убавината - таа ги следи трендовите и е наменет за помладата публика. Нејзиниот „влог“ канал го претставува нејзиниот „секојдневен живот“, каде што таа не е секогаш среќна, а таргет-група ѝ се дваесетгодишниците, односно нејзините врсници.
Нејзиниот канал на англиски јазик ги привлекува Хиспаноамериканците како таргет-група, но публиката е многу поширока.
Како таа ги користи социјалните мрежи?
„Фејсбук“ - Забавни работи што ги споделува со пријателите.
„Инстаграм“ - „Погледнете колку сум магична“ - тоа е главната порака на постовите. Брендовите сакаат да работат со „Инстаграм“ и затоа таа во голема мера ја користи оваа мрежа.
„Снепчет“ - „Ја напуштив оваа мрежа поради инстаграм-приказните - тие се многу поголеми, особено затоа што привлекуваат спонзори“.
„Твитер“ - Преку оваа социјална мрежа може да го споделува нејзиното мислење, но не премногу. „Може да биде опасно“, вели таа.
„Јутјуб“ - Нејзините
почетоци биле токму на оваа видеоплатформа и таа е горда на фактот дека е ѕвезда таму. Вели дека сама ги уредува видеоснимките и дека сака да контролира. Исто така, таа ја критикува оваа платформа бидејќи смета дека „Јутјуб“ не се грижи за своите корисници.