Бидејќи сè повеќе луѓе се жалат на високите цени во Европа, списанието „Тајм аут“ одлучи да состави листа со градови што вреди да се посетат во текот на 2025 година доколку имате ограничен буџет.
Патување со ограничени средства
- Голем дел од нашите некогаш сигурно евтини дестинации веќе не се толку евтини. Популарните локации во Грција, Шпанија, Италија и други земји страдаат од преголем број туристи, па цените се речиси изедначени насекаде. Но, не грижете се, ако ви е буџетот ограничен, сè уште постојат места што можете да ги посетите, а да не банкротирате - се наведува во воведот на статијата.
- Најдобриот дел? Станува збор за места со помалку туристи и помал метеж, а авионските билети дотаму најчесто се многу поевтини. Секако, не треба ни да се спомене дека поимот евтин град е многу субјективен и зависи од низа фактори: од кој град патувате, во кое време од годината, што ви се допаѓа и слично. Во нашата листа со евтини европски дестинации има сè: од успешни главни градови до недоволно вреднувани мали места - пишува во статијата.
Десет најевтини градови за посета во 2025 според „Тајм аут“
Тирана, Албанија
Софија, Бугарија
Загреб, Хрватска
Каунас, Литванија
Рига, Латвија
Сараево, Босна и Херцеговина
Краков, Полска
Букурешт, Романија
Кингстон на Хал, Обединето Кралство
Чешки Крумлов, Чешка
Тирана на прво место
„Тајм аут“ објаснува дека албанското крајбрежје во последниве години доживеало умерен туристички пораст бидејќи претставува алтернатива на поскапите дестинации како Грција. Тирана изобилува со историја од комунистичкиот период, интересни музеи, шарени мурали, како и одлични ресторани и барови.
Како просечна цена за сместување наведена е сума од околу 46 евра по ноќевање за една личност.
Извор:
Index.hr
Фото: Freepik