Малопродажниот лидер Нептун лансира нова атрактивна можност за сите купувачи: „Купи сега, плати подоцна“ – кампања која овозможува набавка на клима-уред
со 3 месеци одложено плаќање, а потоа отплата
до 45 еднакви месечни рати со фиксен износ.
Понудата е овозможена преку НЛБ Инстант потрошувачки кредит, без сложена процедура и со едноставна апликација директно во продажната мрежа на Нептун. Во првите 3 месеци клиентот плаќа само камата, без отплата на главнината на кредитот. По истекот на грејс-периодот, следува отплата на кредитот до 45 месечни рати.
Оваа финансиска погодност е идеално решение за сите што сакаат веднаш да купат клима-уред, а да започнат со отплата дури по три месеци – без финансиски притисок, со фиксен месечен износ и едноставно процесирање.
- Со оваа понуда им овозможуваме на нашите клиенти да купуваат паметно – без да го одложат своето задоволство и комфор. Нептун го прави купувањето достапно, брзо и без стрес - изјавуваат од компанијата.
Промоцијата важи до
31 јули 2025 година во сите продавници на Нептун низ државата, како и онлајн на
https://www.neptun.mk.
Аплицирањето за кредит е достапно на самото место, со поддршка од продажниот персонал.
(Комерцијална објава)